За своја кола ќе се помачиш. Еве, пример за мојата, во Србија има растурени. Ама ја знам да баратам со интернет, спремен сум да извозам до Врање да подигнам од карго итн итн.
Ама стар чоек да се забере да нарачува половен фар/ретровизор/модул за прозори/било што каросериско... Мало сутра. Ќе треба Џо да брка ко за себе.
Татко ми со Ксарата на аутопилот е, да чукнам последно време ништо не притребало, ама кога требало, има 3 броја, обично или кај првиот или кај вториот наоѓа. Бонус, за нови делови, во пиљара ги има и има да бираш различни ценовни рангови.
Секој со своето, на крај на краиштата. Fusion не е лоша кола, и ако е поентата едноставно и ефтино одржување во 90-95% исправна состојба, Форд би погледнал пред Мазда секој ден.