Не се согласувам со членот @osmica8 . На р5, има многу fusion растурени за делови, а само една мазда 2. Плус имаш неколку отпади за форд во мк.
Дебели џо, не знам дали си пишал (сори, можеби не сум видел), но, сте гледале панда, или некое пунто? Мислам најразумен компромис би биле овие две коли.
Немој да ме разбериш погрешно, не дека измислувам приказни туку токму тоа ми се има случено. Барав штоп десен за Фјужн и некои ситни делови за Мазда 2 - 2008.
Штоп најдов здрав после подолго време барање и не беше воопшто евтин. Случајно го најдов кај некој човек, што купувал делови за да си го поправи неговиот, ама не успеал да го среди.
Тие растурачите категорично ми викаа дека нема таков, да се откажам да барам.
За Мазда 2 најдов тоа шо ми требаше на 3 места. Можев да си бирам од каде да купам. Можи така се погодила ситуацијата, незнам. Ама јас би бегал од Фјужн шо подалеку.