Тука?
И да се донесат сите регулативи, закони, итн, ќе се најде начин за изигрување, поинакво толкување, избегнување одговорност...
Прво што ми паѓа на памет, "не е враќана километражата, напротив, потерана е напред"
Еве како е во Словенија според видеово, некаде по 1:40
а зошто само фалсификат на сообраќајна би бил кривично дело а не и фалц сервисна книшка за возилото??
Зошто би било фалц само менување на броеви на шасија а не и менување на километража ??
Кај нас неодамно МВР ги забрани камерите во кола, т.е. забрани снимање на сообраќајни ситуации, ама во УСА полиција ги користи и тие снимки...
Треба да биде казниво и неовластено, нестручно поправање на виталните ( за безбедност) делови на возилата... може не знаеш дека ти пукнал трапот, ама ако го завариш треба да одговараш кога после некој ќе изгине....
Во Германија враќале на технички и за малку оштетен панцир на црево за кочници, иако не тече и добро кочи....
@nefer Дали имаш сервисна книшка со сите сервиси и интервенции на возилото заведени за возилото што го возиш во моментов?
Дали ако јас го купам твоето возило ќе гарантираш на нотар дека километражата е точна и дека сите сервиси во книшката се направени како што се заведени?
За твоето возило прашувам што лично го возиш и би го продал во иднина.
Еве јас ти го поставувам прашањето тебе, на ист начин како што го поставуаш ти на некој што продава половно возило.
Мојот пример ќе го кажам, кога го продавав мојот Голф 5 произв 2004/2005 , во огласот нудев писмена гаранција заверена на нотар за точноста на километражата и точноста/вистинитоста на сервисната книшка заедно со сите фискални сметки и фактури од првиот до последниот сервис на колата во овластен сервис, ама искрено луѓето што доаѓаа воопшто не ја гледаа сервисната книшка и упорно ми споредуваа цени со увезените лимарии
Нормално. Вчера баш имав сличен муабет: Што е ова, 320ка? Не 335. Аха овие по 5-6000 идат. Не. Е како не, има колку сакаш на пазар3 и тоа со ЕМ ПАЦКЕТ. Ок. Техничката култура и воопшто познавањето на проблематиката на поседување автомобил се на многу ниско ниво во МК. Се оди на најниска можна цена по секоја цена, мотор, опрема, километри, гаранции...не, НАЈЕВТИНО САКАМ! Оваа нема мотор. ГАЈЛЕ МИ Е, ПОЕВТИНА Е 100е ЈА ЗИМАМ!
Е сега ако сакаш да му извадиш највисока цена на голфот мора: да биде црн со затемнети стакла, да има Х миризливо + броеници или МВР миризливо + крст на ретровизор, кинески гти бандажи, гти беџови на секој панел, евентуално Rabbit да пишува позади, црвено офарбани шепи, кинески ксенонки без лупа, 15год стари мишелинки (semi-slick), изваден DPF, да светат сите можни сијалички на шалтабла и најбитното да пишува УНИКАТ и ЧИСТО НОВO во огласот. Бонус: да смрди на прч/леш ентериерот. А да, ако не е 1.9 тедеи (со 2 црвени) фрли го на отпад слободно.
Ашкол сум за муабетов, продавам и јас кола и горе долу со овие некои глупости се нервирам. Се јавува на телефон колку е цената, му кажувам крајна цена и му повторувам 2 пати, да знаеш таа е цената, ти ја кажувам од старт немам нерви да се пазарам три дена, ниту пак имам време да се шетам со тебе по мајстори ако планираш да ми спушташ на цена.
Ок, доаѓаат на лице место, абе знаеш да ја дадеш 300 евра под ова (демек ќе ме кандиса барем 100ка да му пуштам, да се најдеме на пола пат), завчера ме шета по тавани еден, ај да ја види мајстор, ме носи во една гаража тој пријател негов и ми се товараат двајцата да ми спуштеле цена, ми пукна филм, си влегов во кола и си заминав. Друга ситуација, доаѓаат зет и дедо да ја гледаат, ме прашува за километражата му била сумлива малку имала поминато, викам ќе отидеме во овластен да ја провериме ако ти е шубе, толку е возена колата и моторот спие, не минуваат 2 минути ми вика абе овие гребаниците од паркинг ми сметаат, видов вика друга сабајлево немаше никаква гребаница со продуван мотор ама поефтина од твојата за 200 евра, вика ќе одам да ја земам таа мотор се наоѓа за 300 евра на секој плац и ај крој му капата.
Братучед мој зел голф 5ка од некои преваранти и детево го заебале баш со муабетов што си го пишал, „тјунирана“ била, се згазив од смеа кога ми го кажа муабетов, наместиле ниско профилни гуми, ксенон светла, шапите фарбани црвени, сменето лонче на аусплухот и затемнети стакла, влегувам во колава излижани дури и пластиките на вратата каде што се отвора од што е дрндана. Вика камен брачед колава, лета ја згазнавме со татко ми (овој поголемо дете и подудук од синот за коли) 180 кренала. Не поминаа 2 месеци отиде прво замаецот, па после турбината, ја подзакрпи со половни делови и едвај се отараса од колата, од тоа што ја зеде едвај ја продаде 800 евра пониско во 5 месеци период плус поправките уште толку.