Malku gi mesas rabotite.
Edno e da garantiras deka voziloto e servisirano vo ovlasten servis i e so realna kilometraza,a drugo e da davas garancija za voziloto.
Никаде не спомнав дека можам да гарантирам за исправноста на возилото. Можам да гарантирам како сум го одржувал возилото, каде, и како. Гаранција неможам да дадам. Физичко лице сум кое што би продавало возило кое што сум го користел. Не сум авто плац или прекупец. За нив неможам да зборам.
Новиот сопственик можам да го посоветувам околу одржувањето, искуствата и очекувањата кои што треба да ги има во иднина околу евентуално некои зафати.
Откако новиот сопственик го земе возилото, неможам да гарантирам дека нема да акне кратер на улица и да свитка полуосовина или да извитка рамо после 500 метри.
Неможам ни да гарантирам дека моторот ќе издржи возење во втора со пуна гас од Скопје до Велес.
Исто така треба секој што купува половно возило, треба да биде свесен и рационален дека возилото не ново, и дека има сервисни зафати кои што ќе се појават и ќе мора да се направат.
Затоа, половно возило се проверува добро пред да се купи за да се добие слика за целокупната состојба на возилото, километражата е небитна, ако возилото е пиц пец, и одржувано како што треба.