Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1031396 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2865 на: 09 Јуни 2019, 13:29:13 pm »


Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2866 на: 10 Јуни 2019, 18:46:31 pm »
Клабери , кажете мислење за 1.6 тхп 150 кс конкретно во 207ца - читам по интернетов има доста што се жалат дека им тропало ланчето , и се мотори со директно взбригавање , па збор - два од вас , или од некој што го возел / поседувал возило со овој мотор би било добро.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2867 на: 10 Јуни 2019, 21:30:50 pm »
Клабери , кажете мислење за 1.6 тхп 150 кс конкретно во 207ца - читам по интернетов има доста што се жалат дека им тропало ланчето , и се мотори со директно взбригавање , па збор - два од вас , или од некој што го возел / поседувал возило со овој мотор би било добро.

207 1.6 ХДи е одлично возило. Брзо и многу добро покажано. За бензин незнам како е.

Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2868 на: 10 Јуни 2019, 22:19:50 pm »
Совет за избор помеѓу 1.3 CDTI (90 Hp) и 1.2i 16V ECOTEC (80 Hp) во Опел Корса Д.
Дизеловиот ми е познат мотор, за бензинскиов немам познавање дали е добар па ако имате искуства било какви споделете.


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2869 на: 10 Јуни 2019, 23:23:38 pm »
Дизелот е одлично моторче. Истиот мултиџед е од фиат.

Присутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2870 на: 10 Јуни 2019, 23:45:26 pm »
Совет за избор помеѓу 1.3 CDTI (90 Hp) и 1.2i 16V ECOTEC (80 Hp) во Опел Корса Д.
Дизеловиот ми е познат мотор, за бензинскиов немам познавање дали е добар па ако имате искуства било какви споделете.
На жена ми сестрата има таква корса со 1.2 ecotec 80hp. Ок е моторчето, ја имам доста возено колата и градска и на отворено, не е за трки ама си ја врши работата. Релативно тивок, за снага ти требаат високи вртежи, над 4.500.
Градска потрошувачка во релација како што се вози од по 1 до 1.5км во правец до работа, исто така и назад, значи цело време ладен мотор 8.5л/100км.
Релација Велес-Охрид-Велес, возено по знаци и наместа поспоро, максимално натоварени, со багаж за викенд, 3ца возрасни и бебе, 5.2л/100км.
До Грција и назад, со возење нешто над пропис и со клима околу 6.5л/100км.

Да напоменам дека климата нема значаен удел на моторот, незначително одзема снага.

Во однос на дефекти, досега ништо. Купена е пред 2 години, досега околу 20.000км нема никакви дефекти, освен 2та зглоба, кои беа по околу 2.000ден.

Ако можам некако поинаку да помогнам, тука сум.

П.С. Нема сеуште р'ѓа, а 2007ма е... Ебати Опелот 12 години без корозија :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2871 на: 11 Јуни 2019, 05:05:32 am »
Одлично количе е, мислам дека повеќе ќе ти одговара 1.3 дизелчето бидејќи градска троши значително помалце. Или ако најдеш нешто 1.2 со плин..
Сепак ако не правиш сериозна километража не се ни замарај со тоа..

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2872 на: 11 Јуни 2019, 09:17:59 am »
@Ducky Кога ќе ја пробувате Корсата со 1,3 цдти, повозите ја најмалку 10-15 минути низ град а потоа на отворено во 6 брзина, намали/исклучи скроз музика и вентилација и обратите внимание да не доаѓа звук од менувачот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2873 на: 11 Јуни 2019, 11:11:21 am »
Совет за избор помеѓу 1.3 CDTI (90 Hp) и 1.2i 16V ECOTEC (80 Hp) во Опел Корса Д.
Дизеловиот ми е познат мотор, за бензинскиов немам познавање дали е добар па ако имате искуства било какви споделете.


супер е мoтoрoт. Ми се чини единствен убaв oпел и нa дизaјн и без прoблеми, пред дa бидaт земени oд Пежo.

1.2 Незнaм дaли е oд фиaт и oвoј мoтoр бидејќи и пунтoтo нoсеше 1.2

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2874 на: 11 Јуни 2019, 13:48:53 pm »
2-та се добри мотори,дизелот е направен од опел и фиат,бензинецот е опелов,2-та се на ланче и се евтини за одржување,земете го посочуваниот примерок,без разлика на бензин/дизел.

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2875 на: 11 Јуни 2019, 21:13:50 pm »
Фала на советите.
Денеска видов два примерока, не ми фатија око. Утре одам да ја видам оваа

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3246017

Од слики колку што можам да видам има некој оштетувања по каросерија, ваљда не е сериозно удирана и правена претходно.

Барам да не е увезена, да е саглам колку што може примерок, да не е шминкана, да има историја. За постари луѓе е, планираат луѓето да ја возат наредните 10 години.
Дизелот го возам лично во Пунто Ево 2014.  Денес го пробав 90 коњскиот во Корсата, можам слободно да кажам дека 75ката во Пунтото многу пожилаво се однесува.

Дизелот од денес отпаѓа, удрена демек у крило, лошо спремена, ново реплика крило, лоша фарба, најверојатно и летвата не чини. Бензинскиов од олимпија моторс исто така отпаѓа

https://omo.mk/listings/opel-corsa-1-2-80ks-edition/

Лошо чувана, возена во Германија како товарна со извадени задни седишта и ремонтиран мотор, една мала линија пукната боја на прагче, под тоа корозија :)

Ако имате некој предлог за возило до 3.500, па не мора да биде баш Корса од 07/08 па нагоре слободно предложете


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2876 на: 11 Јуни 2019, 21:25:10 pm »
Гранде пунто ми делува подобро од Корса Д...

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2877 на: 11 Јуни 2019, 21:25:23 pm »
Јас возам Corsa D 1.2 бензин/плин. Досега 40.000км од мене (вкупно 90.000км) само филтри и Ликви Моли 4600 5-30. Ја возам и градска, ја цедам редовно и на отворено. Ако знаеш да ја возиш, нема да имаш нит замерка на перформансите. Просечна цена по километар ми е 2.5 ден.
Тоа ми беше главното, евтино за возење, евтино за одржување. Кола за од А до Б, без никакви емоции.

После подолго возење на отворено во било кое возило од оваа класа ќе се осеќаш уморен и ќе ти се крши филмот како не си зел некој седан, лимузина ама бар нема да ти е мака бидејќи практично се возиш во кола за цена од скутер.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2878 на: 12 Јуни 2019, 00:41:54 am »
Iskreno corsa benzinec  so 1.2 ecotech motor e odlicno vozilo.Tatko mi ja ima postarata corsa B 1.2 16v 2000god i iskreno osven maf seznor do sega drugi problemi nema 170k ima pominato

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2879 на: 12 Јуни 2019, 10:06:05 am »
Ако имате некој предлог за возило до 3.500, па не мора да биде баш Корса од 07/08 па нагоре слободно предложете

Препорака за Mitsubishi Colt 1.3, 1.5. Од постариот модел до 2009 ти влегуваат во буџет.
Потпис.