Пред некое време ми се расипа возачката брава на 166. Одам кај Жарко, ми вика, ене, извади си ја сам, смени си ја. Ок, одам до 4 години постарата 166-ка, довезена од швицарска, со отприлика исто км колку мојата. Вадам тапацирот, вадам бравата, одам кај мојата кола истата процедура.
Разликата? На швајцарската врата на бравата и под тапацирот немаше грам прашина! Ко` нова беше внатре. Под тапацирот од мојата кола и самата брава, беа полни со калишта и ѓубре. Двете брави и двата тапацири, јас прв пат ги отворив.
Втор пример, ја носам 159 од Германија, по дождови претежно, Додека не ја поминав Сава, колата беше чиста, и немав потреба еднаш да прснам течност за брисачи. Кога поминавме преку Сава, друг муабет. Колата ја донесов каљава како камел трофи да возев.
Моторот под хауба почна да се полни со прашина уште првите месеци во МК. Претходно немаше прашина под хауба. А моторот не е перен, тоа сум 1.000.000% сигурен.
Тоа се разликите помеѓу странство и Балкан. Следниот пат кога ќе купувам кола (на старо), повторно правац Швабија, Швицарска, и остали асални ЕУ земји.