Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1073570 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #930 на: 18 Декември 2015, 12:00:17 pm »
Токму тоа им е поентата на тие што зимаат коли по странство, да земат ефтина кола ама сочувана, одржувана домаќински за инат пошто домашната овде е дупло поскапа. Тоа ретко кога успева, да имаат таква среќа :) Како за пример другарче купи Меган како на Prcot од Бугарска 1800 евра чинам, Прки го плати домашниот со целосна историја тука повеќе од дупло. Прашање: Кој помалку ќе го боли глава? :) Убаво рече Луки, ефтиното и убавото не одат баш заедно. Јас кога би купувал кола од странство би купил лично од човек, никако од прекупец затоа што тој ја зима најроскоп колата, ја шминка за продажба да лаже очи и сака да ќари што повеќе. Многу едноставно, таква кола ретко кога може да чини.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6506
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #931 на: 18 Декември 2015, 13:40:14 pm »
Колите на старо на запад што се реално добри и колите што се купени во Македонија а се исто така реално во добра состојби имаат горе доле слични цени. Једино на запад имаш повеќе избор да си најдеш нешто по свој мерак.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #932 на: 18 Декември 2015, 14:17:23 pm »
Што е подобро понова гола со повеќе км или постара кола со помалце км? :) што мислите

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7440
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #933 на: 18 Декември 2015, 14:26:08 pm »
Зависи. Која класа на кола, опрема, км... Не е исто да споредиш поло 1.0 со Мерцедес С500. :) Безразлика на годината и километрите. :)

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #934 на: 18 Декември 2015, 14:27:46 pm »
збориме да речеме за  исто возило :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6506
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #935 на: 18 Декември 2015, 15:21:56 pm »
Глупо прашање и да се работи за исто возило. Секој си има свои потреби. Некој вози 5.000 некој 30.000км годишно и од таму секогаш ќе имаш различни одговори.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #936 на: 18 Декември 2015, 15:23:05 pm »
Што е подобро понова гола со повеќе км или постара кола со помалце км? :) што мислите
Годините се статистички секогаш далеку пореални од километрите. Освен од ептен блиски возила.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14201
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #937 на: 18 Декември 2015, 15:51:08 pm »
Пред се е важна општата состојба на возилото, потоа годините, па километрите.

Сите кај нас се палат на километрите. Да, има врска не велам не, но за возило над 12 години не прави разлика дали има 250 000км или 300 000км поминато. Годините веќе натежнуваат.
Каросеријата е таа што попушта над 12 години (зборувам за фабричките гаранции).

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6506
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #938 на: 18 Декември 2015, 15:57:32 pm »
Повторно 2 различни одговори :)

Ако возам 3 години старо возило со 200.000 км и поминувам по 5-7.000км годишно тоа е супер. Ако возам 7 години старо возило со 50.000 поминато а поминувам 30.000 годишно тогаш ова има логика.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14201
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #939 на: 18 Декември 2015, 20:29:52 pm »
Сум се возел со 10 годишни Опел Вектра и Мондео (значи не Mercedes, BMW)со по 300 000км и 400 000 км од Германија и ги споредував со две наши 7 годишни Мегани. Едниот си околу 120 000 км другиот со 140 000км. Погодете кои беа подобри?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #940 на: 18 Декември 2015, 20:41:55 pm »
Мондеото.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #941 на: 18 Декември 2015, 21:11:43 pm »
Толку ли лесно се враќаат километражи па секоја ебена кола увезена од странство кај нас е со вратена км... баш ги споредувам исти коли годините и километрите на наш маркет и у странство...

И има ли некој начин на проверка освен у овластен сервис??..

Сервисна книшка не ли е доказ? И тоа ли го лажираат?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6506
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #942 на: 18 Декември 2015, 21:19:04 pm »
Сум се возел со 10 годишни Опел Вектра и Мондео (значи не Mercedes, BMW)со по 300 000км и 400 000 км од Германија и ги споредував со две наши 7 годишни Мегани. Едниот си околу 120 000 км другиот со 140 000км. Погодете кои беа подобри?
Што си споредувал? Мотор? Комфорт? Звучна изолација? Квалитет на материјали? Да си споредувал пример со Лагуна да разберам некако, дека станува збор за иста класа на автомобили, ама вака :)

Јас сум се возел (т.е. се возам чат пат) во Ауди А6 караван од далечната 1996 со верувај или не 700.000км поминато. И која е поентата да ги споредам со возило возено во Македонија? Ако сопственикот што го возел возилото во Македонија а притоа еве да земеме демек се амортизирало побрзо (предница/задница) ама се сменети сите делови на време, тогаш не гледам причина исто тоа возило на 300-400.000км биде нешто различно со тоа мондео или вектра возено во Германија со 300-400.000км поминато. Патиштата во Македонија ги направивте како да нема асални патишта.

Дали сте се запрашале зошто возилата купени во Македонија генерално порано се расипуваат од тие на западот? Бр.1 причина е начинот на кој што во запад автомобил се вози на прилично долги релации, каде што тоа му одговара на автомобилот, за разлика од малите градови во нашава држава вклучително и Скопје. Ако на пример јас живеам во Тетово и секој ден треба на одам на работа до Скопје, што ќе и биде на колата после 10 години и 200.000 поминато? Ништо. Патот е добар, релацијата доволно долга за да се загрее моторот и све да си работи на оптимална температура. Тоа на западот е нормално, возење на долги релации.

Бр.2 секако се сервисите, и каде што секој се прави јак сервисер а уствари ти ја поебува колата x100.

Па таму некаде бр.10 може да бидат патиштата криви.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55054
  • Махер
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #943 на: 18 Декември 2015, 21:23:05 pm »
Толку ли лесно се враќаат километражи па секоја ебена кола увезена од странство кај нас е со вратена км...
Мислиш дека на неувезените не се враќани!?

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #944 на: 18 Декември 2015, 21:25:05 pm »
Толку ли лесно се враќаат километражи па секоја ебена кола увезена од странство кај нас е со вратена км...
Мислиш дека на неувезените не се враќани!?
Сигурно и тоа ама не толку многу како увезениве..