Сум се возел со 10 годишни Опел Вектра и Мондео (значи не Mercedes, BMW)со по 300 000км и 400 000 км од Германија и ги споредував со две наши 7 годишни Мегани. Едниот си околу 120 000 км другиот со 140 000км. Погодете кои беа подобри?
Што си споредувал? Мотор? Комфорт? Звучна изолација? Квалитет на материјали? Да си споредувал пример со Лагуна да разберам некако, дека станува збор за иста класа на автомобили, ама вака

Јас сум се возел (т.е. се возам чат пат) во Ауди А6 караван од далечната 1996 со верувај или не 700.000км поминато. И која е поентата да ги споредам со возило возено во Македонија? Ако сопственикот што го возел возилото во Македонија а притоа еве да земеме демек се амортизирало побрзо (предница/задница) ама се сменети сите делови на време, тогаш не гледам причина исто тоа возило на 300-400.000км биде нешто различно со тоа мондео или вектра возено во Германија со 300-400.000км поминато. Патиштата во Македонија ги направивте како да нема асални патишта.
Дали сте се запрашале зошто возилата купени во Македонија генерално порано се расипуваат од тие на западот? Бр.1 причина е начинот на кој што во запад автомобил се вози на прилично долги релации, каде што тоа му одговара на автомобилот, за разлика од малите градови во нашава држава вклучително и Скопје. Ако на пример јас живеам во Тетово и секој ден треба на одам на работа до Скопје, што ќе и биде на колата после 10 години и 200.000 поминато? Ништо. Патот е добар, релацијата доволно долга за да се загрее моторот и све да си работи на оптимална температура. Тоа на западот е нормално, возење на долги релации.
Бр.2 секако се сервисите, и каде што секој се прави јак сервисер а уствари ти ја поебува колата x100.
Па таму некаде бр.10 може да бидат патиштата криви.