За муабетот поврзан со рент а кар во странство. Колите што се увезуваат кај нас не се day-to-day рент а кар возила или во превод кола која се изнајмува секоја недела на различно лице, туку е возило кое е купено од приватно лице на лизинг. Дава учество, месечна рата и после 5 години има опција целосно да ја отплати (крајна рата), или да ја врати и да си земе целосно ново возило доколку има финансиски средства. Тие коли што се вратени (старо за ново) се продаваат на аукции (не поединечно на физички лица) зошто се работи за премногу возила и едноставно логистички не е возможно да се продаваат директно на физички лица. Како и секоја друга кола и овие зависат од тоа кој ја возел, не од државата од која потекнува или дали е била купена во кеш или на лизинг. Затоа има возила кои се зачувани и кои не се. Затоа секогаш кога се гледа половна кола, треба да се види дали е зачувана внатре што дава слика за педантноста на тој што ја возел и се носи на мајстор да ја провери технички. Генерални заклучоци за поединечни авто плацеви е многу лоша работа, било за кој плац. Јас лично ќе ви кажам дека во АутоМилано сите возила што јас ги имам гледано, биле во драстично подобра состојба од оние што ги имам гледано во Ауто Велт. Затоа велам секое половно возило е посебна приказна и генерални заклучоци не се апликативни.