Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1016677 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5325 на: 28 Јули 2024, 23:39:37 pm »
Дали цитроен Скара со 1.4и е погодна за на плин или има карактеристичен проблем со горење на вентили?

Стави плин татко ми на неговата на околу 170.000 поминати, еве ја на 230.000 сега си вози без проблем.

Проблемите со горење вентили се според мене предизвикани од неисправни системи за ладење кај овие коли - имаат доста чести и познати проблеми со реле на перка, прекинува да работи перката во прва брзина. Во тој период додека се активира перка во втора брзина, моторот е уствари нагло заминат во висока температура, под хауба е речиси се усвитено, и од превисока температура на усисен воздух си горат вентили.

Така да, за да ти трае 1.4 моторот од PSA, среди си го разладниот систем - провери хладњак, пумпа за вода, антифриз, реле за перка, ако се е во ред, ставај плин, наштелувај го како што треба и гас.

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8585
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5326 на: 29 Јули 2024, 00:19:10 am »
Скара на плин...

Не сте тачни, мајке ми. :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5327 на: 28 Август 2024, 16:07:25 pm »
Мерцедес Б150 од 2006-2010г...
Мерцедесов мотор ли е тој 1.5 бензин?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5680
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5328 на: 28 Август 2024, 16:12:53 pm »
Имавме во фамилија А150 2004, потромава кола од таа нема. Тие 95кс ги има само на хартија. Останатото е перфектно на колата за годините и класата во која припаѓа. Деловите од А и Б класа (механички, мада и некои пластики) се исти.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5329 на: 28 Август 2024, 18:58:33 pm »
Мерцедес Б150 од 2006-2010г...
Мерцедесов мотор ли е тој 1.5 бензин?

Бензинец ако е, да Мерцедес мотор е. Моментално возам А класа 2008ма привремено, бев до Илинден нешто да земам, на автопат се мачеше 120-130 да крене...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5680
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5330 на: 29 Август 2024, 14:03:18 pm »
Која е реална цена за Lexus IS 250 2006-2008 во Luxury Line пакетот на опрема? Дали вреди да се увезе тоа возило или да се бара зачуван примерок тука? Германија се околу 8000€ + давачки = 12000€.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5331 на: 29 Август 2024, 14:04:45 pm »
Која е реална цена за Lexus IS 250 2006-2008 во Luxury Line пакетот на опрема? Дали вреди да се увезе тоа возило или да се бара зачуван примерок тука? Германија се околу 8000€ + давачки = 12000€.

Имаш за 11000 на оглас моментално, купено и сервисирано во Тојота Мк.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7370
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5332 на: 29 Август 2024, 14:29:53 pm »
Која е реална цена за Lexus IS 250 2006-2008 во Luxury Line пакетот на опрема? Дали вреди да се увезе тоа возило или да се бара зачуван примерок тука? Германија се околу 8000€ + давачки = 12000€.

Имаш за 11000 на оглас моментално, купено и сервисирано во Тојота Мк.


https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5080785
Lexus IS250 2.5 V6 208hp, Luxury package, Аutomatic, 160.000
Преубав примерок, штета што не е AWD. Цената е доста соленка за годините (2008), но марката си држи цена.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5680
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5333 на: 29 Август 2024, 14:39:58 pm »
Знам да, јас го постирав линкот за тоа возило и моментално се само две на оглас. Едната има проблем, другата е оваа. Додека буџетот ми дозволи да го купам тоа возило, ќе биде продадено и тргнато од оглас, затоа барам мислење дали вреди да се донесе вакво возило (финансиски).

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5334 на: 29 Август 2024, 14:58:01 pm »
Знам да, јас го постирав линкот за тоа возило и моментално се само две на оглас. Едната има проблем, другата е оваа. Додека буџетот ми дозволи да го купам тоа возило, ќе биде продадено и тргнато од оглас, затоа барам мислење дали вреди да се донесе вакво возило (финансиски).

Лексус од 8000 евра + 500 евра трошоци за транспорт ќе те фати околу 10000 со сѐ давачки. ДМВ на возила под 10000 евра е 0%, имаш само CO2 и ДДВ. Мислам дека е добра цена ако е убаво зачуван примерокот.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3721
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5335 на: 29 Август 2024, 15:31:47 pm »
Па не баш, колку што најдов некој податок ис250 бензин испушта 227г ЦО2 на Км. Според тоа само ДМВ е преку 2000 евра.

Тој модел ќе дојди скоро 13к кај нас, што мислам е премногу за кола од 2008м и не вреди да се замараш да го носиш.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 923
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5336 на: 29 Август 2024, 15:37:03 pm »
Па не баш, колку што најдов некој податок ис250 бензин испушта 227г ЦО2 на Км. Според тоа само ДМВ е преку 2000 евра.

Тој модел ќе дојди скоро 13к кај нас, што мислам е премногу за кола од 2008м и не вреди да се замараш да го носиш.

Јас најдов бројка од 168г, и така пресметав. Али можда грешам. На 227г ЦО2 не се исплати ич.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5680
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5337 на: 29 Август 2024, 15:41:42 pm »
214 g/km за 2008 ЕУ верзија автоматик.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6792
  • French diamond
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5338 на: 29 Август 2024, 16:01:12 pm »
Уште малку и полнолетна ќе биди таа од 2008, не вреди ни под разно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5680
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5339 на: 29 Август 2024, 16:05:51 pm »
Цената мислам дека е превисока за годините, ама гледам почнале да паѓаат цените, барем во Германија (се најдуваат од 6-7.5к евра солидни). Полнолетна = искусна можеби? Хах, мала шала, цените се оган.