После прекрасни 12 години заедно, со тешко срце објавувам дека Голфот отиде кај нов сопственик. Му посакувам да ужива во него како што уживав јас. Дечкото е ептен мераклија и ентузијаст и сигурен сум дека максимално ќе го чува.
Последната вечер се извозевме убаво, последниот ден доби темелно и внимателно перење и ново CARclub стикерче.
Имаше и солзи, признавам.