Преполни се темите со прашања за тоа какви плочки, филтри, уља, итн, да се купат...
За 2-3000 па нека се и 5000 денари повеќе, не му се мислам воопшто.
Си ја носам во официјален сервис каде дечките мижејки ќе го направат сервисот, ќе си вградат оригинални делови, ќе шибнат ориџинале уљенце, успут ќе направат проверки, и пичи Мишкооо
Баш така. Апсолутно. Вакво уље, онакво уље, тинтири-минтири... Неам ни време ни нерви ни желба да се замарам со тоа.
Закажувам термин, одам, се вртам саат време додека да завршат работа, пијам едно-две кафиња и си одам.
Да, поскапо е, ама ми штеди време и нерви.
Не е страшно, само дупло него што кошта.
Ама па си има бонус ако сите сервиси се во Порше, ако се деси дефект може ќе излезат во пресрет. Така беше со еден куп 911ки пред некоја година што им беа мотори за менување надвор од гарантен рок.
Ем комплетна сервисна историја, ем флексибилност ако стреба нешто поскапо да се смени...
---
Секако, не мора сите да се согласат со мојата одлука да си ја одржувам колата во официјален сервис. Има и уште една работа што е особено важна - а тоа е дека има гаранција на сработеното. Сум го кажал ова и претходно - ако нешто се деси, имам каде да се обратам и да се среди. Кај неофицијален сервис, ако нешто се деси, ќе добијам тапшање по рамо и „тоа е друже“.