Вчера во Мотоцентар Gallery во Ист Гејт ги монтирав летните тркала. Имаат нова премиум услуга за чистење и средување, па добив покана да ја пробам.
Услугата вклучува:
- Вадење на зимските тркала.
- Чистење на летните бандажи.
- Вадење на тегови.
- Машинско чистење на стари лепенки од тегови.
- Машинско чистење на срцевината од бандажот.
- Машинско чистење на бандажот со пластични микрогранули.
- Рачно дочистување каде што треба.
- Ребалансирање на тркалата со на нова хај-енд балансерка со контра тркало која симулира притисок во возење.
- Чистење (со жичана брусалка) на главчините на колата.
- Нанесување бакарна маст на главчините.
- Монтирање на тркалата и стегање на штрафовите со момент-клуч.
- Чистење на гумите.
- Ласерска контрола на длабочина на шара.
Фотки:
Све у свему, зафат што трае околу саат и половина. Максимална внимателност на момците од Мотоцентар, и чекој по чекор ми објаснија што прават, како прават и зошто го прават тоа. Со оглед на тоа колку ми беа лом тркалата (особено од внатре, од brake dust и општа прљавштина), стварно се освежија.