Монтирани зимски гуми. Авантура.
На моите зимски гуми ова им е последна сезона. Ем се веќе стари (2013), ем се и на нешто над 4 мм шара.
Нејсе. Авантура.
Веќе нема гужва, па си викам ајде на раат да сменам тркала. Ги извадив тркалата од подрум, ги натоварив во кола. Отидов во Мотоцентар на Качанички Пат, фрка, немаат струја. Од пали-гаси ситуации на секои 30-секунди дури и генераторот им се деактивирал. Добро, одам кај Реплек.
Стигам таму, нема кола, одма директ на нископодната дигалка, ги вадат тркалата, заеб со еден од безбедносните штрафови. Престегнат, дури и клучот за него се скрши. Заеб.
Решение? Среќа не беа извадени (ни отштрафени) другите тркала, па отидов до Порше, таму имаат резерви од сите безбедносни клучеви. Најдоа, се помачија и они, ама океј, решивме проблем.
Назад во Мотоцентар кај Реплек. Промена на тркалата, зимските монтирани, летните во багажник и на задни седишта. Си дојдов дома, ги истоварив, испцув што требаше да се испцуе.
Зимски гуми монтирани.