Една неубава дешавка пред 10-тина дена, одејќи на одмор.
На околу 500 метри пред патарината кај Градско ми се издиша задна десна гума, при брзина од околу 120-130 на час. Додека да застанам, гумата веќе беше искината (немам сензори за притисок на гуми во Голфот).
Извадив све од багажник додека да стигнам до резервното тркало. Тоа беше подиздишано (бидејќи никогаш до сега не било користено, и не ми ни текнало да проверам, ама ете, памет за друг пат. Проверете си ги резервните тркала дечки!) па почекав 30-тина минути да дојде АМСМ. Дојдоа, ми помогнаа да ја напумпам гумата и успеав да најдам 225/45/17 гума во Гевгелија (во Недела, неработен ден) за да ја сменам. Ставив Барум Бравурис (тоа имаше) и се одвозев на одмор.
На колата нема никакво оштетување. Бандажот си е во ред, само гумата беше искината.
Иначе, на одмор убаво.