Се дешава, битно си средил, мада мислам дека подолго си ја возел издишана чим ти се искинала.
Туку незнам што ти се другите гуми, ама приметуваш разлика во бучава кај Барумот ? Глупо прашања ама во директна споредба со друга гума дали може да се примети разлика во бучавата ?
Искрено, не можам да споредам. Во моментов три се Continental PremiumContact 6, една е Barum Bravuris 5 HM. А и возев со спуштено задно седиште пошто точак носам, па само по себе си имаше повеќе бука во колата.
Ќе ја истерам оваа комбинација сезонава, па здравје следната година ќе си купам нови летни гуми.
--
Најголемиот проблем е да ги отштрафиш штрафовите стегнати од македонски вулканизери. Штом тоа биднало, веќе натаму процедурата си е позната. Кључ и цевка 70-100цм едино превентивно.
Таман си беа стегнати, немав никаков проблем.
Најголемиот проблем е да ги отштрафиш штрафовите стегнати од македонски вулканизери. Штом тоа биднало, веќе натаму процедурата си е позната. Кључ и цевка 70-100цм едино превентивно.
Mислам дека класниот во Мотоцентар последен пат му ги заштрафуваа, со момент-клуч.
Кога беше за третманот на гумите/бандажите во Ист Гејт.
Затоа лесно прошол ![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Јеп.
Плус, и правилно ги стегнаа (со момент-клуч) во сервисот во Гевгелија каде што ја монтирав новата. Гума Бренд, максимална препорака.
То ми е најголемиот страв ко ќе тргам за Мк или обратно, немам резервна, само пумпа на 12в и членство во Адак.
Имаш и кит за репарирање.
Иначе можиш да си купиш резевна 17 ка. Има по огласи.
Кит за репарирање не бркаше работа кај мене. Гумата беше искината.
![](https://i.imgur.com/HupfK6P.jpeg)
Во секој случај, научената лекција тука е - проверувајте си ги резервните гуми. Сигурен сум дека скоро никој тука не ја проверил резервната во изминатава година. Да беше таа проверена и напумпана како што треба, уште полесно ќе завршев работа и немаше да чекам АМСМ. А ден пред да тргнам ги пумпав гумите и празен ми беше багажникот, можев да ја проверам. Дури ми текна после пумпањето.