Минатата недела Голфот си доби осигурување и каско (повторно од Winner) и регистрација (овој пат во АМСМ во Центар). Сè си помина во ред.
Бидејќи го возев баш тој ден кога беше најголемиот снег а денес се погоди времето, бев кај Бушав на перење. Си посветив малку време да си пребришам внатре убаво и да си поминам со усисивач, и тоа е тоа.
Бидејќи го возам C-HR-от, Голфот си е паркиран во гаража.

Планови за годинава:
- Нови летни гуми - најверојатно ќе бидат Continental PremiumContact. Со Hankook-от поминав околу 45.000 километри и сум задоволен од нив, ама време е за нови гуми.
- Полирање и хемиско кај
@dame - време е. Само да се стопли малку.
- Ќе се договорам со
@Deno да го посетам еден ден, за да го средиме истриениот дел на страничната поддршка на возачкото седиште.
- Најверојатно ќе треба нови дискови.
- Нови патосници (можеби, само возачкиот патосник е оштетен)
- Нов заден спојлер (ако успеам да најдам од GTI)
Ете така, колку за евиденција.
