Нема врска со Скопјани,Битолчани,Гостиварчани или било кои други,туку едно е да возиш низ 30 сантими снег,а друго е на 5 сантими снег...Безразлика дали правиш 5 или 15км 
Низ 30cm наврнат снег неможеш да возиш освен ако не е натапкан. А ако е натапкан сеедно е дали е 5 или 5000cm. И не се секирај, во Скопје има над 30cm снег.
Што се однесува до дистанцата, има огромна разлика во тоа дали правиш 5 или 15km. Разликата е 10Km или 3 пати. Од мое лично искуство, на претходната локација каде живеев работев на 400-500 метри од дома. Сега од работа сум оддалечен на 2-2.5 km. Разликата е огромна. Неспоредливо. Претходно можев да одам пеш, а сега морам да одам со кола.
Од секогаш сум фаќал сеир или сум изразлувал сочувство на колегите кои патуваат по 10+ km за да стигнат на работа. Кутрите мораат да станат пола саат порано за да стигнат на време, а дома се враќаа пола саат подоцна. За разлика од нив мене од кревет до канцеларија и од канцеларија до софра ми беше помалку од 5 минути пеш. Слично како и на повеќето кои живеат во мали места.