Наш Зеро бивш Канаѓанец

12 септември
Се вселивме во нашата нова куќа во Канада. Многу сум возбуден. Овде е толку убаво. Планините се прекрасни. Едвај чекам да ги видам покриени со снег.
14 октомври
Канада. Тоа е најубавата земја во светот. Лисјата ги сменија сите тие нианси на жолта и портокалова боја. Се возев низ природа и видов пар на елени. Толку се прекрасни. Тоа се најубавите животни на светот. Ова мора да е рај. Ја сакам Канада.
11 ноември
Денот на сеќавањето (канадски државен празник). Ловот на елени наскоро ќе почне. Не можам да замислам дека некој може да убие толку убаво животно. Се надевам дека наскоро ќе падне снег. Толку е прекрасно.
2 декември
Вечерва падна првиот снег. Станав и видов дека се е покриено со бела прекривка. Изгледа како најубава разгледница. Излеговме надвор, ги исчистивме скалите и патот, а потоа се мававме со топки (јас победив). Кога помина булдожерот моравме пак да ја чистиме капијата. Колку прекрасна земја. Ја сакам Канада.
12 декември
Вечерва повторно падна снег. Повторно помина булдожерот и ја затрупа капијата. Овде е стварно прекрасно.
19 декември
Вечерва повторно снег. Не можев да ја извадам колата за да одам на работа. Тука е стварно прекрасно, само сум малку уморен од лопатата. Повторно ебаниот булдожер.
22 декември
Ова белово гомно пак паѓаше цела ноќ. Добив жуљови од лопатата и ме боли грбот. Мајмунот со булдожерот како да се крие позади аголот на улицата и чека јас да исчистам. Педер!!!
26 декември
Уште малку од посраниот снег. Ако ми дојде до рака педерот што вози булдожер ќе го убијам!!! Маме им ебам зашто не истурат малку повеќе сол по улицата за белово гомно да се стопи.
27 декември
Вечерва повторно снег. Не излегувам веќе три дена. Само што ќе го исчистам сннегот поминува булдожерот. Не можам никаде да одам, колата ми е заглавена во рид снег пред капијата, а и ладно е. Викаат дека вечерва ќе паднат уште 30 cm од тие гомна.
28 декември
Прогнозата беше лоша. Падна пола метро!!! Ако вака продолжи нема да се стопи до лето. Булдожерот се заглави и педерот дојде кај мене да бара лопата. Му кажав дека веќе искршив шест лопати чистејќи ги тие гомна од вратата што тој ги набива и за малку ќе му ја искршев од глава.
4 јануари
Конечно излегов од куќата. Отидов до продавница да купам малку храна и кога се враќав со колата удрив елен. 3000$ штета на колата. Тие ѕверови треба да бидат убиени. Ги има насекаде. Како ловците не ги испотепаа есента...
3 февруари
Ја однесов колата на механичар. Невероватно е колку пропаднала од ебената сол што ја истураат насекаде.
10 февруари
Се селам во Македонија. Не можам да замислам како било кој нормален може да живее во ебената Канада...