Ubavo znam sto pisuvam..... Sakas da kazes deka ne postojat magnetni sili (dzirni ja "magijata" na gornite klipovi) ,... postojat i magnetni i elektromagnetni sili, i ista takva levitacija,i propulzija itd
Neznam kako Simo me razbra sto pisuvam a ti ne,i kako nemu mu e toa logichno......
Simo znam deka ne e ednostavno, nedovolno istrazeno i se slagam.. ama ne i deka e nevozmozno
A silata na magnetot moze da se pojaca na primer so struja(vo zanemarlivo kolichestvo,vo odnos na celosno el. pogon)
Горе имаш магнетно поле, магнетното поле делува на металните топчиња кои имаат потенцијална енергија. Топчето што го буткаш со прст има кинетичка енергија, кое ја пренесува на топчињата кои имаат потенцијална - а не се движат, зошто силите на земјината тежа и отпорот на шината кои делуваат на топчето се во рамнотежа со магнетните сили кои влијаат на истото топче. Кога ќе ја пренесеш кинетичката енергија од првото топче ги совладуваш силите на отпор и гравитација, па потенцијалната енергија што ја има второто топче што се придвижува се претвора во кинетичка. бидејќи полето е јако, има и голема потенцијална енергија соодветно, потоа топчето има голема кинетичка, која ја пренесува скоро во потполност на третото топче, кое ги собира кинетичката енергија од второто и сопствената потенцијална, па на крај на кога удира во лименката има доста голема кинетичка енергија, која едноставно е резултат на потенцијалите на трите топчиња претходно + кинетичката енергија на првото топче што го буткаш. Но тоа не значи бесплатна енергија. За да ги доведеш тие топчиња во состојба во која поседуваат потенцијална енергија - мора да потрошиш БАРЕМ толку енергија колку што поседуваат.
Магнетното поле е многу слично на гравитационото, па ќе ти објаснам попластично. Ако ставиш едно топче на масата во кујна, тоа е во мирување. Но има потенцијална енергија, бидејќи се наоѓа качено на висина. Од земја за да го качиш на маса, треба да потрошиш онолку енергија колку што има топчето во моментот на пад на земја.
Кога е топчето на маса, и мирува - доволно е само мала кинетичка енергија, за да го стркалаш од маса, и тоа да падне на земја со огромна сила и има оргомна енергија (зависи од масата на топчето - замисли железно топче од 10-тина цм дијаметар кое паѓа на плочки во кујна), а ти си му дал само малку енергија колку да ја совладаш силата на триење која е производ на гравитационата сила и коефициентот на триење на подлогата. (ако е стаклена маса - многу малку енргија).
Е исто е и овде со магнетиве, само што на шината имаш 3-4 енергетски полиња и три четири топчиња со потенцијална енергија. Запрашај се зошто не го пушта само првото топче по празна шина? Одговорот е, ќе излезе ВО НАЈДОБАР СЛУЧАЈ со иста брзина со која би го пуштил по шината (моја претпоставка е дека ќе застане некаде на сред шина).
Се надевам дека ти ја разјаснив „мистеријата“ на јаката енергија на магнетните полиња.