Убава расправа имате тука и доста аргументи и на едната и на другата страна.
Факт е дека некогаш ќе дојде до крај нафтава со која располагаме (или барем не тераат така да размислуваме за да ја качуваат цената)
е кога ќе дојде до тоа цената на нафтата да се искачи до тоа ниво да не биде више исплатливо да се вози, ни за потреба, а не за ќејф, сакале ние или не ќе мора да поминеме на следно ниво односно да се задоволиме со тоа што ќе ни го стават на располагање.
Потполно електрични автомобили не се практични и тоа е факт, замислете само колку струја би потрошиле на греење на кабината додека до стигнете на Маврово зимоска на -10°C, а колкав дел на самото движење. Употребливоста не сегашните електрични возила е исплатлива само во населени места односно градови каде не поминуваме повеќе километри од капацитетот на батериите во еден ден. Полнењето е неизбежно секоја вечер, а исплатливоста е на завидно ниво. Јас искрено би користел вакво возило за секојденвни потреби без размислување.
Што се однесува до загадувањето, се слагам дека не е непостоечко, туку е само посместено од населените места, ама не ли е во тоа и поентата, ние како и да е ќе ја загадуваме планетата ама барем не мора тоа да го дишеме секојденвно. Знам дека ова звучи малце нефер спрема оние кои живеат во близина на термоелектраните, но ако се фокусираме на производство на енергија од обновливи извори ова би можело да биде прифатливо. Секако неможат обновливите извори да ги заменат фосилните горива потполно но можеме да го зголемуваме процентот секојдневно со мудри инвестиции. Да не заборавиме дека за дел од корисниците на ел. возила можат да инвестираат (кога веќе можат да си дозволат и за сега скапо ел. возило) и во вакво нешто...
Ова веќе има смисла кај секојденвата употреба, замислете само колку Скопје би било почисто место да можевме барем 30% од возилата да ги замениме со ел. возила, да не ги спомнувам сите комбиња кои служат за дистрибуција секојдневно. А вакви системи би биле корисни и на паркинзите на компаниите, и така повеќето од нас се по 8 часа во канцеларија а возилото е надвор и се полни! Штета е што цената на ваквите возила е преголема за да можат сите да си ја дозволат и за сега со големи недостатоци, ама верувам дека сите што имаат за нов Mercedes C,E,S,ML,R.... BMW 3,5,7,X(Y) можат да си го дозволат ова исто како што можат да си ги дозволат и прескапите лимузини кои ги возат, само потребно е статусниот симбол да не биде што поскапо возило од луксузен бренд туку свесноста за планетата која нажалост секој ден ја загадуваме се повеќе.
Загадувањето кое произлегува од производството на батериите и на крај нивното складирање (отпремување) не е занемарувачко и како што пишуваа повеќе светски медиуми (меѓу кои и омилениот ни TopGear) при производство на едно електично возило се создава повеќе СО2 отколку при повеќегодишна експлоатација на возило опремено со мотор на внатрешно согорување.
Единствено логично решение кое се наметнува се хибридите кои ги искористуваат најдобрите особини на МСВС и на Ел. мотор. Јапонците докажаа дека се големи визионери во технологијата, а сигурно не грешат овој пат!
Така да расправите дали електрични или „нормални“ возила можат да траат бесконечно и сите да бидат во право, јас сум меѓу последните кој би го заменил уживањето во BMW M (кој на жалост го немам) за нешто безшумно и со 30 кс. ама да бидеме реални дали 400 кс. ни се потребни за да стигнеме од дома до работа во 8.00 сабајле со 9 семафори и просечна брзина на движење од 5 км/час ?!?!?