Фино тоа теоретски Ама:
Не, не, не! Тоа не е теоретски. Се тоа е практично и функционира! Електричните авотмобили постојат уште од кога постојат и автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Пред повеќе од 100 години кога почнал развојот на моторите со внатрешно согорување електричните автомобили биле посупериорни во секој поглед: подобро забрзување, поголема крајна брзина и можеле да поминат поголема дистанца без потреба од повторно полнење. За жал електрификацијата не била доволно развиена, па така и развојот на автомобилите се насочил кон усовршување на моторите со внатрешно согорување, а потоа нафтената мафија си ги презела работите во свои раце.
1. И најдобрите е-возила не може да те однесат (едвај) до грчка граница со нивната автономија,па ќе треба во дојран да седнеш во фук-так и да преспиеш во полин за да се напуниш и да продолжиш во Солун - Nisan LEAF, Real-world range autonomy - 160km (100 miles).
1) Tesla 1 може извозува 400km и забрзува 0 - 100km/h за 3.7s, време на целосно полнење на батеријата 3.5 часа. Tesla 2 која треба да излезе годинава ќе биде уште подобра.
2) Автомобилите на електромотор се на самиот почеток на својот развој и експанзија. Ова што се нуди денес е мачкина кашлица во однос на она кое навистина ќе го овозможат електирчните авотомобили. Прашање е само на време кога авто-производителите ќе се ослободат од нафтената мафија и ќе започнат да се користат многу понапредни технологии за масовно производство на многу пософистицрани батерии. Веќе има поставени патенти и производството е во најава на литум-јонски батерии кои складираат 10 пати повеќе енергија и се полнат 10 пати побрзо од сегашните. Наводно ќе се употребуваат за мобилни телефони и лаптопи.
http://www.grist.org/list/2011-06-08-no-joke-this-is-the-biggest-battery-breakthrough-ever. Кога би се употребиле во авто-индустрија тоа би значело практично крај на нафтена мафија, нели? Епа некој веќе и на тоа работи:
Can’t we have a car that goes 250 miles on a single charge? Can’t we recharge it in five minutes? And drive it at 80 M.P.H.? Don’t dismiss it as wishful thinking! A Toronto-based firm ZENN Motors promises such a highway capable model in near future with no gasoline engine, no batteries, and no emissions!
http://www.alternative-energy-news.info/cityzenn-dream-electric-car/2. Електричната енергија се обновува во најголема мерка од фосилни горива - кога ќе преминеме комплетно на нуклеарна, ќе биде друг муабет
Грешно се изразив со обновливи извори. Обновливи извори се сонце, ветер, вода. Сакав да кажам извори кои не загадуваат, а тоа вклучува и нуклеарка. Порано или подоцна ќе се направат реактори на фузија кои за ист габарит како оние на фисија произведуваат околу 1000 пати повеќе енергија и не создаваат радиоактивен отпад. Долгорочно гледано тоа е иднината. Фосилните горива долгорочно ќе се намалат до мера да ги снема. А со тоа иднината е во електричните автомобили.
3. Гориво можеш да полниш каде сакаш, ама дур да напуниш, ќе ти пукне џигер.
Види точка 1.
4. Не зададуваш - директно, загадуваш индиректно.
1) Дури и со производство на ел. енергија од јаглен загадувањето при производство на ел. енергија од јаглен е многу помало одошто она од мотор на внатрешно согорување.
2) Штетните гасови не ги испушташ во средината каде живееш туку во зона оддалечена од населена средина.
3) Долгорочно производството на ел. енергија ќе се сведе на нуклеарка
5. поефтино одржување дур не дојде време за батерии нови батерии (4-5 години), тогаш мисли му ја што ќе праиш! Цитат: Each battery pack costs Nissan an estimated US$18,000 (as of May 2010).[46][47]
Цените на батериите се скапи затоа што не се произведуваат масовно. 99% од материјалите вградени во батериите се рециклираат, а рециклирањето е ефтино. Па така кога ќе има масовнизација на електро-мобилите рециклирањето на батериите ќе се сведе на цена пониска од онаа на менувањето на масло на денешниве автомобили за соодветно поминатата километража.
6. За дефекти - тек ќе треба да се види.. Цитат: In April 2011 Nissan announced that customers in the United States and Japan reported problems in restarting their Leaf vehicles after switching the motor off.
Тоа е изолиран случај и е проблем со компјутер/електроника на возилото, а не со електромоторот. Нема никаква врска со проблем со електромотор. Повеќе од сто години одлично функционираат електромоторите на наизменична струја. Нема ништо да се смени со нивна примена во авто-индустрија.