Моментално седам на 3м од квалитетен плазма дисплеј (фино искалибриран) и може да кажам дека 1080p изгледа подефинирано (попрецизно) од 720p, поготово во моментите кога се прикажува магла, рефлектор уперен у атмосфера и слични некои ефекти...
Кога ќе кажеш дека „изгледа подефинирано„, со што споредуваш?
Без навреда, ама дали е можно да се работи за субјективно чувство?

Технички новинари во рецензија изјавуваат дека на 50 инчи телевизори од ист бренд и серија (а со разлика во резолуција), поврзани на ист ХД видео извор, на нормална далечина на седење: не можат да приметат разлика.
Јас лично во прво време ја имав истата заблуда како повеќемината тука, но потоа имав прилика со свои очи да се уверам дека грешам.
Ако некој од вас има некој познат во некоја од продавнициве низ Скопје, да направиме тестирање со соодветни два-три модели од иста марка и слични по квалитет серии, ви нудам
опклада на било кој од вас што не ви се верува, дека на „слеп„ тест ќе промашите во повеќето случаи кој телевизор е со повисока/пониска резолуција. Нормално на стандардна далечина за седење (од телевизорот), еве нека биде 3метри како што ти кажа. Ако се залепиш до екраните секако ќе најдеш разлика.

Еве може ли во гајба пиво, без разлика кој ќе изгуби можеме заедно да ја испиеме потоа.
