ооо како се приметува... на почетокот кога си го купив панасоникот (42 инчен) неколку пати правев тестови. ке го симнев еден исти филм и 720 и 1080 за да видам разлика... и те како се осека разлика... бизтрина, јачина на бои, текстура... охохооо...
Брале, Ти во тестирање на резолуција (споредба на репродукција на ист видео извор, на телевизори со различни резолуции)... наоѓаш разлика во сатурација и бои.
ОК.

во неколку наврати де... ништо страшно
од прееска читам упорно и упорно пишуваш 1040р резолуции...
ама ај викам, не е важно, мала грешка... 40р разлика, третина од мобилен телефон и тоа од оние малку постарите у боја што излегоа
мала разлика
Првото е лапсус, наредните се copy-paste.
Но тоа што е навистина интересно тука, е што во целиот муабет можете да ми се фатите само за...
лапсусот.

Така да, еве едно срдечно извинување на целава тукашна граматичка форумска полиција. Ненамерно згрешив и 1080р го откуцав како 1040р. Ме посрамивте, потресен сум сега и вечерва нема да можам да заспијам! :-D
Сериозно, вие сте добредојдени да верувате дека 10
80р во сите ситуации апсолутно мора да го има во еден телевизор. Но по мене (и повеќето онлајн технички колумни), кај еден телевизор важните карактеристики се:
репродукција на бои, контраст, големина на екранот и на крај
резолуцијата. Важноста за филмското дожувување, е по тој распоред.
Важноста за форумски мерења на кој му е поголем(а)... резолуцијата, тоа е веќе сосема друга работа.

Можеби ти си споредувал Нео лцд со 720р, наспроти плазма од Пионер или Шарп со 1080р... и нормално си приметил „разлика„.
Јас од друга страна, зборувам за „слепо„ испитување, каде на повеќемина испитаници од различен профил им се покажувани напоредни прикази од ист Блу-реј извор на слика, на телевизори од еден ист бренд и слична серија (по квалитет), со: иста големина на екран но со различна резолуција. Значи два телевизори од ист бренд и иста големина, едниот 720р а другиот од 1080р. Гледачот бил седнат на некои 2-3 метри далечина (а кој седи поблиску од два метри). Резултатите од тестирањето, биле дека генерално не може да се направи разлика и да се погоди која резолуција е која.
Исти резултати биле и кога во група од 720р ставале еден 1080р, или обратно, кога во група од 1080р ставале еден 720р телевизор. Да, ако се залепиш до екранот и почнеш да критички да анализираш ќе најдеш разлика. Но на нормална далечина за седење РАЗЛИКАТА НЕ СЕ ПРИМЕТУВА. Важно е телевизорот да биде голем и да има добра слика, со добри бои, добар контраст каде црното е навистина црно.
Јас првенствено сакав само да го советувам дечкото што праша за Самсунг плазмата од 50" која му е топ прилика за тие нецели 500евра. Да знаев дека вака ќе реагирате, најверојатно на приватна порака ќе му пишев.
