Со здравје да се вози! Мрсен V6, само така, батали батерии и играчки.
После некој ќе ми кажува во Америка/Канада не ги одржувале колите. Сервис си е сервис кај нив, не сум слушнал за ротирање на гуми кај други сервиси, а ниту пак промена на масло на толку км.
Фала ти, поуба да си земиш! Искрено има и таму гној коли, едно 3-4 други прво видовме, или беа отепани или од солта скапани на места.
Колку пари толку музика како викаат. Ако сакаш со сервисна историја, чувана одржвана, нечукната, ќе си платиш поќе ама мирна глата.
Тука чекаме апдејти како се живее со американ масл во секојдневието 
најчеста релација, дома - > Бензинска 
шала на страна, ѕвер е, очекувам и сиви stripes да му ставиш
со здравје да се вози, кога ке можеш пиши процесс на увоз од америка
Браво машко! Свака част!
Да ти прави мерак!
Чекаме кругче 
Него ај објасни процедура се точно како/што која фирма вака-така...
Ако немаш чоек во Канада или Америка тешко искрено, јас имам тетин во Канада така да тој одеше по dealerships да гледа коли пред да се решиме, а и воедно организираше таму локален превоз и превоз до Драч.
Ќе излажам ако кажам дека точно знам како среди, оти јас тука само ја подигнав во Драч. За фирма со Mediterranean Shipping Company (MSC) - (
https://www.msc.com/) ја испрати и некој локален шпедитер таму или што и да е за консолидиран превоз до Драч.
Контењерот до Драч беше 2500 USD (2250 евра), оти платив пола контењер од 40 feet за да не напикаат 3 коли во контењер па да има шанса да се оштети. Ако ја испратиш со 3 коли и поевтино ќе дојди, негде 1500 USD, ама ризикот не вреди. Имаш и опција да си платиш целосен помал контењер od 20 feet ама то е најскапо, 3200 USD.
Тука кога стигна ме контактира локален агент/шпедитер во Драч да одам да си ја подигнам. И тоа те контактира од денес за утре, така да одма мора да палиш патиките и тргаш сабајлето. Ако се изматкаш и процедурата ќе се изматка оти колата ќе ја наместат во паркинот најназад, па треба чекање дури да си подигнат други колите, или да ги тргнат за да помини твојата, ехаа... Мора одма одење.
Драч платив 300 евра за истовар, 100 за транспортен документ до Ќафасан, и уште едно 200 евра за да се 'подмачка' постапката и убрза, кај полицаец, кај шпедитер, на граница, итн итн. мислам дека ме сфаќате сите

Плус локален транспорт до Битола 400 евра и уште едно 50-100 евра треба да ги дам утре за транспортен документ од Ќафасан до Битола.
Се на се од Торонто до Битола дојде ~3300 евра одприлика. Скапо, ама it is what it is.