Автор Тема: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила  (Прочитано 3483 пати)

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7301
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #60 на: 18 Октомври 2026, 16:01:23 pm »
На Дастерот ќе смрди таа пластиката најмалку година дена.
Во службениот Фиат (Дукато комбе) сеуште смрди неподносливо таа пластика. Кај мене е веќе година ипол (од мај 2025), купено со 5км од салон… Што ставаат во новиве возила не знам…

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #61 на: 18 Октомври 2026, 17:43:53 pm »
Маздата е греота така лична да ја акаш по каливо патчиња :/

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3563
  • Хюндай Тюсон
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #62 на: 19 Октомври 2026, 09:28:15 am »
Пристапот што го воведуваат да се има мал електромотор на задна оска е одличен, бидејќи во ретки случаеви би се користел.
Најголем проблем е што скоро сите теренци денес се всушност обични подигнати шасии.

Кој сака авантури, ете му и Исузу пик ап како опција :)

Одличен ако е со голем електромотор. Ако е обичен хибрид најчесто моторот нема доволно сила да ја задвижи колата ако аголот е поголем.

https://www.youtube.com/shorts/U2VL9Dq_p7o

 


Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3563
  • Хюндай Тюсон
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #63 на: 19 Октомври 2026, 10:18:44 am »
како не ти беше мака за Дастерот толку текст да напишеш или од ЕјАЈ го зема?
 гледај мазда сх30 и кашкај.

А зошто да му биде мака???
Кола купува, не кило компири.

Полека почнав да добивам претстава кај е границата. Некаде кај ѕиври aka хеланки е од кај почнува релевантноста за да се пишува долг пост. Компири не се во листата. good to know

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #64 на: 19 Октомври 2026, 10:54:24 am »
Сега наидов на друга дилема, колку е паметно ставање лифт кит и поголеми гуми на 2026 возило со сите електронски безбедносни системи.

Сток на Витарата се 215/55/R17.

225/60/R17 додава +11мм надворешен дијаметар
Eibach Pro-Lift-Kit https://eibachshop.com/index.php?p1348,eibach-pro-lift-kit-springs-suzuki-vitara + 25mm

Ќе зборнам секако со сервисерите во Миркат колку ќе ми влијае на гаранција и дали воопшто е паметно. Како ќе влијае на Allgrip системот? Има некој искуство со ова да посоветува?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4004
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #65 на: 19 Октомври 2026, 11:15:16 am »
Не знам каков се терен газиш, ама мое мислење е дека Витарата и со фабрички сетап ќе ти брка работа.

Она на што мислам дека би направило проблем се електронските системи, ако има систем за активно кочење може да се збуни или да јавува грешка, верувам дека е решливо со калибрација во однос на новата висина што ќе ја добие возилото.

Со поголема димензија на гуми автоматски додаваш повеќе тежина на целиот AllGrip систем, што не знам како би се одразило, најубаво Миркат ќе ти каже, сигурно не си прв со вакви желби.

Лифт китот е афтермаркет, може ќе ти кажат дека гаранција на подвозје, суспензија па и полуосовини, лагери, диференцијал нема да ти важи.
Можеби има опција они сами да ја направат модификацијата за да не изгубиш гаранција, што би било полн погодок иако би било посолено.

Реално ќе биде интересен концепт, ќе добиеш 12+25=37мм на висина, што и не е малку.

Отсутен MartinAlfista

  • Џовани Карбони
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18308
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #66 на: 19 Октомври 2026, 11:16:46 am »
Знаеш како ќе влијае? Дур потпишуваш папири за купување, ќе ти рече господинот "потпиши тука, и тука, и тука... и овој документ исто" а документот ќе биде изјава дека се откажуваш од гаранција ;D

Купи го прво, па ценкај се за апгрејди ;D

Од луѓе што купија разно разни нови коли во минатове неколку години, и што прашаа за промени на возилата и гаранција, им беше кажано дека сами може да си сменат гуми, бришачи, патосници и фолии на стакла ;D

Све друго ќе биде предмет на дискусија кога ако дојде време да се активира гаранција.

Така што би рекол купи си сет бандажи и А/Т гуми, вози ги кога ти требаат, на сервис иди си со фабричките и тоа е тоа.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #67 на: 19 Октомври 2026, 11:29:35 am »
Игнисот исто му стадов Eibach федери лифт кит и го поткренаа за +20мм за тотал од 200мм. Ги стадов на 3та година (5г гаранција), не ми искоментираа ништо кога ја носев на редовен сервис. Не се случи никаков дефект за да активирам гаранции.

За каков терен ќе возам. Со игнисот со пристапен агол од ~20° и лифт кит сум доаѓал често во ситуации кај што милиметри делеле од гребење на браник или подвозје. Не се премногу чести ситуации, ама еднаш треба за да направам проблем. Вака сток Витара со 18° и 175мм висина ми изгледа како голем даунгрејд, браникот ќе го искршам одма. Да не спомнувам дека Allgrip системот ќе ме тера уште повеќе да се пуштам на места кај што не треба  :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #68 на: 19 Октомври 2026, 11:41:01 am »
Можеби си размислувал, зошто не земеш класичен теренец за такви авантури, и друга кола за секојдневие. Еден Самурај и терај со изреката од Стар Трек :)

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #69 на: 19 Октомври 2026, 11:46:10 am »
Немам услови, живеам во зграда со еден подземен паркинг простор. Ако некогаш купам куќа ќе има простор за работилница и 3 гаражи :D

Башка што ако сакам да одам по национални паркови во околниве држави. Ќе се оболам со теренец на автопат. Барам некоја средина од двете, секојдневно возило за град и автопат и благ офроуд

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6490
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #70 на: 19 Октомври 2026, 11:47:05 am »
Стварно не ти треба толку широка гума, никакви придобивки немаш . Оди на максимално повисок ѕид барем 65 или пак најдобро е 70ка со 16ка бандаш, ќе изгледа баш како што треба. Toyo at3 е мн добра гума, другар ги вози на хц70 и хц90, супер се и за по автопатишта и за терен.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #71 на: 19 Октомври 2026, 12:05:36 pm »
Немам услови, живеам во зграда со еден подземен паркинг простор. Ако некогаш купам куќа ќе има простор за работилница и 3 гаражи :D

Башка што ако сакам да одам по национални паркови во околниве држави. Ќе се оболам со теренец на автопат. Барам некоја средина од двете, секојдневно возило за град и автопат и благ офроуд

Ок, ја некако сфатив сека бараш возило ко за теренот за да Солунска глава :)

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #72 на: 19 Октомври 2026, 12:16:39 pm »
Не сум го видел како изгледа тој пат. Планинарам, не сакам да ме однесе до врв од планина. Не сум од оние чичковци со мешиња и офроудери бесни што ќе се задишат на 15 степени угорница пешки. Баш пред месец дена се качив до домот Чеплес пред да почнат каловите. Па од таму пешки до Солунска. Игнисот нема никаков проблем. Сток Витара би летала по кал таму. Многу се разочарав кога видов дека стар пасат беше паркиран пред домот  :D

Најлош што сум го поминал со игнисот е до домот Караџица. Има доста еродирани канали од вода и од џипови. До толку способност барам.

215/60/R17 АТ е можда најдобро за почеток, за 2-3 години ќе и ставам и лифт кит и 16ки. Фала за советите

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7301
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #73 на: 19 Октомври 2026, 12:21:46 pm »
Скап спорт.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 798
    • ibiz.mk
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #74 на: 19 Октомври 2026, 12:28:22 pm »
не си бил изгледа одамна на караџица(летово бев со велосипед). таму идеш со било каква кола, писта е патот, барем сега за сега, после зимо ке видиме во пролет
солунска исто од караџица, бегово и нагоре е океј, проблем е само оштри камења.
чеплес исто така писта е патот.

како викаат “Every car can go off-road. It just depends on how much you care about it.”

Инаку само ново/салон гледаш така или може постаро ?