Не знам каков се терен газиш, ама мое мислење е дека Витарата и со фабрички сетап ќе ти брка работа.
Она на што мислам дека би направило проблем се електронските системи, ако има систем за активно кочење може да се збуни или да јавува грешка, верувам дека е решливо со калибрација во однос на новата висина што ќе ја добие возилото.
Со поголема димензија на гуми автоматски додаваш повеќе тежина на целиот AllGrip систем, што не знам како би се одразило, најубаво Миркат ќе ти каже, сигурно не си прв со вакви желби.
Лифт китот е афтермаркет, може ќе ти кажат дека гаранција на подвозје, суспензија па и полуосовини, лагери, диференцијал нема да ти важи.
Можеби има опција они сами да ја направат модификацијата за да не изгубиш гаранција, што би било полн погодок иако би било посолено.
Реално ќе биде интересен концепт, ќе добиеш 12+25=37мм на висина, што и не е малку.