Daster беше едно од возилата кога бирав кола во кое влегов и не добив желба ни за тест возило. Реално за 30к+ да се возиш во таков ентериер нема смисла. Ме интересира дали познавате некој лично што ја има купено последнава генерација дастер за приватно возило?
Edit:
Ако може да му се верува и на AI продажбата на дастер е во пад 78 проценти. Тоа ја потврдува и мојата теза дека цената е многу висока за тоа што го нуди.
Некако осеќам како да има некој срклџрк за дастер на интернет, супер кола е во ред е, судејќи и по коментариве тука ЗИМАЈ БРАТ ЗАКОН Е без некоја конкретна елаборација ми го потврдува сомневањето за срклџрк менталитетот.
Пластика е цела, има еден куп проблеми со рѓосување ако побараш на интернет, багови со инфотејмент, бучавата е неприфатлива за 32к кола. Дури и коментар горе што ме убедува да бидам среќен ако ми трае 6 години, за, 32К, кола! Да, способна е за офроуд и спартански практична ако мразиш комфорт.
Договорив тест возење и на Дастерот и на Авенџер: Некако сигурен сум дека многу пософистицарано искуство ќе биде Авенџерот за иста цена и за нијанса послаби офроуд перформанси