Автор Тема: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила  (Прочитано 736 пати)

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7094
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #15 на: 13 Октомври 2026, 16:36:11 pm »
Ништо не и фали на државата.
Не може секој производител на автомобили да е застапен секаде.
Имаш алтернатива кај нас, и бираш од тоа што е достаппо.

Сузуки не гледаш ?
Многу делови ни фалат да бидеме реални… За најзастапените коли (Опел, VW) нема делови кои во Германија ги има во трафика…
Што ако ти кажам дека Сузуки и Тојота имаат многу исти делови? Во Тојота Германија цените се изгор, за дел се чека 3 недели, а исто и во Сузуки. Во Македонија во овластен сервис не се нафатија да ми го сервисираат Лексусот бидејќи немале ниту еден дел на лагер (ни за основен сервис, кој не верува го чувам разговорот со нив).

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #16 на: 13 Октомври 2026, 17:16:13 pm »
Не знам зошто ја спомнувате витарата, градско СУВ е, 175цм висока до земја.

Никој не даде совет/критика за Avenger 4xe? Толку е лош што не го ни спомнавте?  :D

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 338
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #17 на: 13 Октомври 2026, 17:48:11 pm »
Za toa sto go baras Vitara e zakon, od nivniot 4*4 ne moze da e podobar toj noviot na jeep, a ne veruvam ni duster.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #18 на: 13 Октомври 2026, 18:56:58 pm »
Имам Субару и асален сервисер и резервни делови нема.

Толту ми бараа 1000 ден за да ми дадат понуда за дел. До толку се ретардирани.

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7094
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #19 на: 13 Октомври 2026, 20:29:00 pm »
Имаш ли потреба од некаков дел за субару? Ако имаш конкретно нешто што ти треба пиши ми пп.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34567
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #20 на: 13 Октомври 2026, 21:31:08 pm »
Какво Субару човек, си погледнал ли ривјуа и тренд на продажби во Америка и Европа? Субару денес е сенка од што некогаш било. Гледај што се продава масовно, јас би Дастер за наши услови и без многу очекувања, даваш 35к за офроудер, не даваш 60к па да очекуваш квалитет. Треба да го третираш како службено и да не му се замараш, да си спремен да го смениш за 6 години и ќе си среќен со него.
Инче Дастерот гледам има многу кратка електрична прва брзина со пренос од 22:1 и 1800Nm на задните тркала и имала подобри офроуд перформанси од стариот дизел и 1.6 бензин Дастер.


« Последно менување: 13 Октомври 2026, 21:41:06 pm Tischläufer »

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #21 на: 13 Октомври 2026, 22:48:14 pm »
Avenger 4xe има 22.7:1 на задна осовина и 1900Nm

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15354
Пре би Geely AWD него Subaru на наш пазар.

Geely Starray AWD 2.0 турбо бензин со 240 КС и 8 степен Aisin мењач за разлика од повеќето што нудат DCT/DSG.

Имаш и XC40 за 42-43К.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3988
Duster-от е мадафака, јас би одел со него.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6449
Дастер 4х4 E tech ти е турбо бензин плин. Мноогу е поефтина вожњата на плин од сопствено искуство. Јас ја користам колата за слични глупости. Ова ти е идеално и 4х4 и хибрид и плин, ем возиш поефтино ем имаш рејнџ од некои 1500км комбиниран. И ground clearance има солиден,217, со ат гуми уште повеќе.
А и личен е, бсрем за мене. Плус романците имаат невероватни китови за се и свашта, а и турците исто.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5860
Бидејќи на работа возиме Дастер од претходната генерација 1.5дци дизел 4x4 и можам слободно да потврдам дека како сток џипче значи кое не е модификувано е многу способен за оф роад. Al season гуми има на него инаку. Возен е на прилично средно-тешки локални оф роад тури низ цела македонија малтене и по селата. Ако не ти смета што е све пластика како во пикап унатре јас би одел на него. На асфалт вози прилично океј, нема некоја бука и слично и изолацијата е прифатлива за таа класа на возило. Бензинец од него немам никогаш возено не знам какви се а и општо најновава генерација не знам, зборувам за претходниот модел од 2022 година и не ми се верува овој сегашниов да е полош...

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3539
  • Хюндай Тюсон
Daster беше едно од возилата кога бирав кола во кое влегов и не добив желба ни за тест возило. Реално за 30к+ да се возиш во таков ентериер нема смисла. Ме интересира дали познавате некој лично што ја има купено последнава генерација дастер за приватно возило?

Edit:
Ако може да му се верува и на AI продажбата на дастер е во пад 78 проценти. Тоа ја потврдува и мојата теза дека цената е многу висока за тоа што го нуди.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30881
    • CARclub.mk
Ако збориме за продажба на ниво на Европа, продажба на Дастер е намалена заради појавата на Бигстер. Во Македонија не знам какви се бројките.

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Daster беше едно од возилата кога бирав кола во кое влегов и не добив желба ни за тест возило. Реално за 30к+ да се возиш во таков ентериер нема смисла. Ме интересира дали познавате некој лично што ја има купено последнава генерација дастер за приватно возило?

Edit:
Ако може да му се верува и на AI продажбата на дастер е во пад 78 проценти. Тоа ја потврдува и мојата теза дека цената е многу висока за тоа што го нуди.

Некако осеќам како да има некој срклџрк за дастер на интернет, супер кола е во ред е, судејќи и по коментариве тука ЗИМАЈ БРАТ ЗАКОН Е без некоја конкретна елаборација ми го потврдува сомневањето за срклџрк менталитетот.

Пластика е цела, има еден куп проблеми со рѓосување ако побараш на интернет, багови со инфотејмент, бучавата е неприфатлива за 32к кола. Дури и коментар горе што ме убедува да бидам среќен ако ми трае 6 години, за, 32К, кола!  Да, способна е за офроуд и спартански практична ако мразиш комфорт.

Договорив тест возење и на Дастерот и на Авенџер: Некако сигурен сум дека многу пософистицарано искуство ќе биде Авенџерот за иста цена и за нијанса послаби офроуд перформанси

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6449
Сите се сега пластики, модерно е,Т Рок е цел говно пластика внатре пример. Било што од Стелантис на грепка да ми падни нема да го возам не да платам пари за таков епски фушарлук.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html