Автор Тема: Skoda Felicia Combi 1.3 LX  (Прочитано 2862 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7259
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #60 на: 06 Ноември 2026, 11:09:58 am »
Не би рекол така, иско така звучи. Ако финансиите се во прашање (а подоцна се приврзиш со колата) тогаш не може сите да го имаме најновиот Ајфон или најновата кола.

Во неговиот случај дури и океј би рекол да нема дел зошто таква кола сум видел еднаш во живо и втор пат на форумов (во караван верзија, мада и хечбек сѐ поретко ги има), но за Опел Астра од 1998ма да нема дел е малку почудно, тоа возило го има секаде на улица и се вози, исто како и голф 4ка…

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45343
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #61 на: 06 Ноември 2026, 11:23:47 am »
Тоа дали нас нѝ се допаѓа или не, нема врска со бизнис и економија. И нашите продавачи на делови и дилери, не може да имаат сток од делови за коли кои се ретко застапени или ич. Макар и 5 години стари да се. Секој дел што му стои во магацин повеќе од месец-два му е заробен капитал. И не само нашите, сите во светот. Само кај нас е екстремно изразено зошто пазарот е зрнце песок, и добавувачите имаат далеку помал капитал и можности да чуваат сток кој не им треба и можеби никогаш нема да го продадат. Ако он процени дека веќе нема потреба од држење „крстач“ за Фелиција, а веќе држи цел зглоб, тогаш он го покрил пазарот. Дали мене ми се свиѓа или не, не е негов проблем.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7259
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #62 на: 06 Ноември 2026, 11:34:28 am »
Проблемот е општ. Проблем гледам кај државата (превисоки давачки за увоз). Проблемот го гледам и во народот (штедлив е упм, а вози кола од десетици илјади евра) па затоа и продавниците за автоделови немаат буквално ништо на лагер. Разговарав со другар кој е во бизнисот 10тина години (има продавница за автоделови и е солиден) и тој ми го пренесе ова. Бев одлучен да отворам нешто средно (да не речам голем објект) за продажба на автоделови со сопствен увоз на премиум брендови (Mahle, Mann, Hengst, Ravenol, Brembo, ATE, Lemförder, посебен дел за Toyota/Lexus и да вложам голема сума на пари), но после разговор со газди на страшно опремени продавници за автоделови (нема да ги именувам, но имаат буквално сѐ до штрафче на лагер) не се одлучив за таков чекор и ја тргнав таа опција од главата.

Едит: Колку за инфо премиум филтри за Опел Астра Ј коштаат 5200 ден (маслен, воздушен, нафтен и кабински). Маслото средна класа е 3800 ден/5л и уште 1л масло кошта 800 ден. Значи мал сервис кошта скоро 10 илјади денари, колку би чинел голем сервис мме?
« Последно менување: 06 Ноември 2026, 11:42:41 am nestor04 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #63 на: 06 Ноември 2026, 12:49:56 pm »
Daily кола ти е кола за која треба механички лесно да најдеш дел :) Лимарија, штопче ќе трпи некое време, ама механика не.

Проблемот е општ. Проблем гледам кај државата (превисоки давачки за увоз). Проблемот го гледам и во народот (штедлив е упм, а вози кола од десетици илјади евра) па затоа и продавниците за автоделови немаат буквално ништо на лагер. Разговарав со другар кој е во бизнисот 10тина години (има продавница за автоделови и е солиден) и тој ми го пренесе ова. Бев одлучен да отворам нешто средно (да не речам голем објект) за продажба на автоделови со сопствен увоз на премиум брендови (Mahle, Mann, Hengst, Ravenol, Brembo, ATE, Lemförder, посебен дел за Toyota/Lexus и да вложам голема сума на пари), но после разговор со газди на страшно опремени продавници за автоделови (нема да ги именувам, но имаат буквално сѐ до штрафче на лагер) не се одлучив за таков чекор и ја тргнав таа опција од главата.

Едит: Колку за инфо премиум филтри за Опел Астра Ј коштаат 5200 ден (маслен, воздушен, нафтен и кабински). Маслото средна класа е 3800 ден/5л и уште 1л масло кошта 800 ден. Значи мал сервис кошта скоро 10 илјади денари, колку би чинел голем сервис мме?

Конкретно за Тојота/Лексус, додај Хонда, Субару...нема пазар кај нас за тие возила. Ќе ти дремат деловите со месеци и години.

Еден се обиде кај мене во населба да ги фати корејските и јапонските возила - затвори.

Тие со VAG и Опел - цутат.

Тоа е реалноста кај нас. И пак веќе е проблем да најдеш нов дел за Голф 4. (нели најпосакуваниот автомобил последните 30 години)

Отсутен MartinAlfista

  • Џовани Карбони
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18297
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #64 на: 06 Ноември 2026, 14:34:52 pm »
Отвори си делови за 1.2 PureTech и 1.5 HDI, народов е маѓепсан по вакви катастрофи.

Барем наредни 5 години си покриен, што од веќе увезени возила, што од тие што ќе продолжат да увезуваат во следни 2-3 години.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #65 на: 06 Ноември 2026, 14:47:25 pm »
Комплет ремонт за 1.0 EcoBoost исто.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #66 на: 06 Ноември 2026, 20:55:56 pm »
Нови делови за Фелиција има кај Ристо и Тони во Шутка, ама изборот е еден производител и тоа е.

Немаш таму избор, туку најчесто од еден производител што уште произведува по некој дел или пак од растурена фелиција кај нив да купиш и тоа е

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #67 на: 07 Ноември 2026, 21:07:19 pm »
Не делиш ништо пошто ти секојдневно возиш друго возило и ова ти е за занимација. Како мене што не ми е гајле дали кадетот е во возна состојба или не. Ако нешто се расипе ќе најдам дел дали после 2-3 месеци или пола година сеедно.

Но на членов новите му се безлични и сака дејли драјвер од 20 век. Тука е проблемот.

Што се случи иначе со кадетот го гледам на сликите до шкодата.
Искрено не ми треба дејли драјвер, затоа што не возам од понеделник до петок или возам многу ретко. Едноставно се работи за љубов спрема колите од одредена ера.

Кадетот сеуште се вози, ама како што кажа ти се случува некогаш кога нема дел да постои малце на паркинг. За него апла тешко се наоѓаат делови, а нашиве "ентузијасти" гледаат само да те заебат и притоа да заработат. Повремено носам делови од Србија, ама претежно половни и можам да кажам дека направив поприлично добра залиха. Исто така тешко се наоѓа мајстор за него, ама понекогаш и јас го чачкам.

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1105
  • The best or nothing.
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #68 на: 07 Ноември 2026, 21:27:56 pm »
Фелиција беше "распространето" возило кај нас.
Зачлени се во фб групите: Шкода македонија, олдтајмер македонија, и објави пост што ти треба, сигурен сум дека некој ќе ти понуди нешто. Има луѓе кои имаат делови во подрум, не им требаат и така им стојат.
Мене ми дремат седишта и тапацири за 101 стар тип. Што од мрза, што од, ај денес, ај утре.  :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #69 на: 08 Ноември 2026, 10:24:21 am »
За постари возила најубава зделка е ако најдеш солидно здрава кола-донор и да ја земеш за ефтини пари, дали е без документи, увезена или слично и така да си направиш некоја залиха на делови, особено некои специфични делови.

Иначе во Македонија и македонски фан клуб групи тешко, подобро да си член на српските форуми, искрено многу подобар пазар се од нас.

Еве за бравото за М32 менувач тројца само се нафатија да го ремонтираат менувачот, од кои двајца ми побараа по 800 евра.

Во Србија на српскиот фиат алфа ланчија форум се зачленив, комплет ремонт на М32 менувач сосе работата рака, вадење, ставање 380 евра.