Автор Тема: Skoda Felicia Combi 1.3 LX  (Прочитано 2673 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7327
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #45 на: 05 Ноември 2026, 06:21:48 am »
Бев во Авто Цо, ќе да е крстач на хомокинетички зглоб. Со делови стоиме очајно, се утепав од барање и на крај најдов Вика крстач. Не знам што бренд се, мислам дека е буџет варијанта, ама со оглед на тоа што не најдов никаде, и ова ќе заврши работа.
На аутодок гледав, ама џабе кога немам кој да ми го донесе. Ако некој знае некој лик што носи делови вака, нека пише. Сега за сега ќе го уградуеме овој.

Он ти предложи да се менува или ти сакаш да смениш ?

Бидејки истиот проблем го имаше мојата и Авто ЦО ми кажа тогаш, ке расклопам и видам ситуација, ако спасиме со нова маст океј.
На крај само нова маст, нови манжетни и ситуацијата се подобри, се секавам дека ми рече имаат некоја луфта крстачите ама не е страшно, и дека чашките ми беа здрави.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #46 на: 05 Ноември 2026, 08:49:36 am »
Биди среќен и тоа што има. Сепак е 30 години старо возило. :)

За возило старо 30 години доста се возат низ Европа. Дури во Скандинавија ги возат, Данска има доста да се видат пример.
Чешка да не правиме муабет.

Сега GenZ ги сакаат као. Купуваат Фелиции, прва генерација Октавија, идиот апаратчиња, сеа тоа им е филм.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 204
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #47 на: 05 Ноември 2026, 20:14:48 pm »
Биди среќен и тоа што има. Сепак е 30 години старо возило. :)

Истово ми го кажа некој на телефон додека барав дел и прилично ме наљути. Не гледам причина зошто не би се произведувале делови за ентузијасти кои сакаат да одржуваат постари коли. Повеќето понови коли ми се превише стерилни и досадни за да издржам повеќе од 20 минути во нив. Чест на исклучоци, ама веќе се почнува да личи едно на друго.

Ова ли го бараш?
https://www.skoda-parts.com/spare-part/6u0498103-inner-cv-joint-china-23224.html

Во странство по оем 6U0407331 се најдуваат китови и од појаки фирми (SKF, Magneti Marelli).
Само крстачот ми треба, не цел кит. Проблем е што моментално немам кој да ми го донесе од странство, не дека не можам да најдам.

Он ти предложи да се менува или ти сакаш да смениш ?

Бидејки истиот проблем го имаше мојата и Авто ЦО ми кажа тогаш, ке расклопам и видам ситуација, ако спасиме со нова маст океј.
На крај само нова маст, нови манжетни и ситуацијата се подобри, се секавам дека ми рече имаат некоја луфта крстачите ама не е страшно, и дека чашките ми беа здрави.
Па ја провери колата, рече крстачот е и ми кажа да земам нов. Не знам дали би помогнало само да смениме маст, ама можам да му предложам тоа. Иако делот веќе е тука и купен, само некако сум скептичен дека е нешто квалитетно.

Биди среќен и тоа што има. Сепак е 30 години старо возило. :)

За возило старо 30 години доста се возат низ Европа. Дури во Скандинавија ги возат, Данска има доста да се видат пример.
Чешка да не правиме муабет.

Сега GenZ ги сакаат као. Купуваат Фелиции, прва генерација Октавија, идиот апаратчиња, сеа тоа им е филм.
Комплетно ги разбирам. Имаат некоја душа стариве коли и ствари, веќе тоа не може да се доживее во оваа ера на брза мода и трендови.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45343
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #48 на: 05 Ноември 2026, 21:10:58 pm »
Биди среќен и тоа што има. Сепак е 30 години старо возило. :)

Истово ми го кажа некој на телефон додека барав дел и прилично ме наљути. Не гледам причина зошто не би се произведувале делови за ентузијасти кои сакаат да одржуваат постари коли. Повеќето понови коли ми се превише стерилни и досадни за да издржам повеќе од 20 минути во нив. Чест на исклучоци, ама веќе се почнува да личи едно на друго.


Што има да се љутиш, замисли една компанија, како Bilstein или Lemforder на пример, да држи алат и производна лента за сите произведен возила постари од 20 години. Кај ќе им биде есапот?
Да беше така едноставно, немаше да се викаат ентузијасти тие што одржуваат стари коли за свој ќејф. Самиот термин ентузијаст, подразбира дека ќе се потруди да најде непостоечки делови за ствојот јангтајмер или олдтајмер дали олд њу сток, дали поправен, дали од одпад, дали мала серија на резервни делови од некои други ентузијасти (на пример серија на непостоечки жмигавци, илии наново изработени делови за управување на задните тркала за bmw 850csi ко Сретен што ги најде у последната серија од m539 restorations).
Така да, снаоѓај се за твоето старо возило. Ако мислиш дека е проблем  тоа што не можеш да најдеш дел у обична продавница - не си ентузијаст, конформист си, смени ја колата за нешто од овој век.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7253
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #49 на: 05 Ноември 2026, 21:16:06 pm »
Мислам дека пазарот наш е проблем. По магацини се чуваат доста делови низ Германија и пристигнуваат за некој ден на домашна адреса. Никогаш немав проблем за делови за Астрата (иако е 1998ма), бидејќи сам си барав оем бројчиња по каталози (имам за опел сѐ) и си нарачував од Аутодок.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45343
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #50 на: 05 Ноември 2026, 21:27:58 pm »
Види, нашиот пазар е посебна приказна, нашиот пазар е „кикирики“ во однос на било кој друг пазар. Но и да е друг пазар, за возила над 30 години старост, а за поретки возила дури и 15 години откако се излезени од прозиводство веќе е ризик, не очекувајте дека ќе најдете дури ни основни делови. Конкрентно, ќе ви кажам за 166 која е излезена од производство во 2007 година, веќе после 20 години не можеш да најдеш заден штоп ни оригинал ни афтермаркет на ново да се купи. Ни Марели, ни ОЕ Алфа ни Депо ни ништо. Јас не можев да најдам едни обични манжетни за зглоб, па морав да комбинирам од разни други возила кои имаат слични димензии на зглобови, ама тоа е, не удрив критика на нашите дилери за делови.
За 159-ката пошто е со ретка машина (пред 3-4 годни на една рака се броеја TBi моторите), морав у најава да нарачувам делови за голем сервис, и тоа у овластен. Да ги набават, па да направам сервис. Така да, нашиот пазар е тоа, и затоа луѓето се одлучуваат за вагени и сл. возила. пошто за нив знае дека ќе најде дел у секое време.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
  • The best or nothing.
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #51 на: 05 Ноември 2026, 21:55:48 pm »
Браво Симо. Се гледа дека си учел во Беч.
Бечка школа си.


Шурикен, јас немам ништо против тебе ниту шкодата. Само што сега прво на маса се става техно-економска анализа, па потоа се друго.
А и машини за производство на деловите за фелиција, или се во музеј или во топилница одамна заминати.  ;D

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 204
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #52 на: 05 Ноември 2026, 23:07:47 pm »
Што има да се љутиш, замисли една компанија, како Bilstein или Lemforder на пример, да држи алат и производна лента за сите произведен возила постари од 20 години. Кај ќе им биде есапот?
Да беше така едноставно, немаше да се викаат ентузијасти тие што одржуваат стари коли за свој ќејф. Самиот термин ентузијаст, подразбира дека ќе се потруди да најде непостоечки делови за ствојот јангтајмер или олдтајмер дали олд њу сток, дали поправен, дали од одпад, дали мала серија на резервни делови од некои други ентузијасти (на пример серија на непостоечки жмигавци, илии наново изработени делови за управување на задните тркала за bmw 850csi ко Сретен што ги најде у последната серија од m539 restorations).
Така да, снаоѓај се за твоето старо возило. Ако мислиш дека е проблем  тоа што не можеш да најдеш дел у обична продавница - не си ентузијаст, конформист си, смени ја колата за нешто од овој век.
Има поента тоа што го збориш, али не се разбравме баш. Револтот беше повеќе усмерен кон нашите продавачите на резервни делови/мајсторите. Као у стил, еј 30 години стара кола, уште ли го возиш тој крш? Стај било што и терај, не ме заебавај, делови нема. А на интернет најдов се што ми требаше и понатака ќе се потрудам да најдам начин да ги донесам тие делови тука.
За ова другово се сложувам, се имам доста заебавано со далеку постари коли од Шкодава и знам дека се доаѓа тешко до делови.

Мислам дека пазарот наш е проблем. По магацини се чуваат доста делови низ Германија и пристигнуваат за некој ден на домашна адреса. Никогаш немав проблем за делови за Астрата (иако е 1998ма), бидејќи сам си барав оем бројчиња по каталози (имам за опел сѐ) и си нарачував од Аутодок.
Се сложувам. Ги нарачуваш деловите директно тука? Како оди со царина и покабасти делови?

Браво Симо. Се гледа дека си учел во Беч.
Бечка школа си.


Шурикен, јас немам ништо против тебе ниту шкодата. Само што сега прво на маса се става техно-економска анализа, па потоа се друго.
А и машини за производство на деловите за фелиција, или се во музеј или во топилница одамна заминати.  ;D
Без гајле, се разбираме. Само очекував бар некој дека ќе ме охрабри, а сите одма викаат нема делови.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7327
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #53 на: 05 Ноември 2026, 23:52:55 pm »
Прифати си ја реалноста, верувај дека колку и да те нервира, реалноста е дека на продавачите за автоделови не им е гајле дали ти имаш емпатија кон фелиција, него му е битно профитот и сигурно нема да заробува пари да држи делови за кола што не се вози толку и еднаш во 5 години ке му дојде некој баш да порача крстач.

И не се грижи, ке тера тој крстач, смени го, 90 нм имаш, јас 250 нм уште на 1800 вртежи имам и кај мене едниот е со така повеке луфта, па со пазење си тера.

Стави го тој сега што си го купил и не се замарај повеке, нема да откаже туку така.
Само ја би го сменил сосе чашка.

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7253
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #54 на: 06 Ноември 2026, 06:52:26 am »
@Shuriken имаВ разработена шема за набавка на делови до Лерин (на 1 саат возење ми е и јадам гиро и одам за викенд).

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 959
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #55 на: 06 Ноември 2026, 07:53:20 am »
Зошто би менувал "крстач", наместо цел зглоб? Ако веќе сакаш да ја направиш како што треба, купи цел зглоб и промени го. Сигурно и поголем избор на брендови ќе имаш. Ако немаш кој да ти џонесе од страна, провери ја понудата на autocentar.mk.

Инаку, не сум сигурен дека тој дел дури колоквијално се вика крстач, со оглед на тоа што крстач изгледа и функционира различно од трикракиот дел/лежај во хомокинетички зглоб.


Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7253
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #56 на: 06 Ноември 2026, 10:30:39 am »
Имаш крстач и од SKF, но скоро е невозможно да го најдеш (би чинел 90€ само тој) бидејќи не се произведува.

https://www.skfvertevo.com/eur/en/product-catalogue/VKJA8948

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #57 на: 06 Ноември 2026, 10:38:26 am »
Ја делам твојата болка.

Ти бар ќе најдеш дел, макар и во странство, јас што да кажам со кабриолетите мои...

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3562
  • Хюндай Тюсон
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #58 на: 06 Ноември 2026, 11:02:45 am »
Не делиш ништо пошто ти секојдневно возиш друго возило и ова ти е за занимација. Како мене што не ми е гајле дали кадетот е во возна состојба или не. Ако нешто се расипе ќе најдам дел дали после 2-3 месеци или пола година сеедно.

Но на членов новите му се безлични и сака дејли драјвер од 20 век. Тука е проблемот.

Што се случи иначе со кадетот го гледам на сликите до шкодата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45343
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Felicia Combi 1.3 LX
« Одговори #59 на: 06 Ноември 2026, 11:04:07 am »
Ама си носи и тоа свои негативности, нема љутиш, и јас не сакам да менувам телефон секои 3-4 години, ама ете не можам нокиа 8810 да користам колку и да сакам. Може само за украс да ми стои.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed