Фала ви дечки.
Потрошњата е нормална за мотор со карбуратор, околу 6,9 литри ми испадна на поминати 433 километри од кои скоро третина беа градска, со доста стоење во место а останато на автопат со просечна брзина од 110 км/ч, со повремени залетувања до 155 км/ч.
Вчера приметив и покрај полн резервоар дека ми покажува само половина полн на инструмент таблата, а исто така и температурата оди нешто измеѓу 70 степени и пола, никогаш не стои на пола. Сега не знам дали е до инструмент таблата или е нешто друго. Останативе ствари ми се чини дека функционираат океј.