Еден апдејт за интервенција на подвозје, која излезе дека е голгота зошто уште еднаш се докажува дека во Македонија треба да возиме само Голф и евентуално Астра H.
Тргнав да го средам класичниот Giulietta squat, т.е. претераниот нагиб на задни тркала особено кај коли со пониското подвозје, и да ги освежам останатите чаури од задниот трап, бидејќи малку осеќав млитавост што не треба да е присутна кај кола од овој калибар:

Обид бр. 1: Почнав прво како што знам јас - дадов мерки и кодови за три различни типови на чаури на човек што работи со автоделови, два типа погоди, третиот го утнавме дали јас дали он. Трапот се расклопи, колата на дигалка, едвај ја врати мајсторот старата чаура назад.
Обид бр. 2: Мајсторот измерил точни димензии, нашол некој код од Tedgum, ми го кажа кодот, јас кодот на Прчко наш. Прчко ми наоѓа чаури во Блгарија, 2 недели рок на достава. Викам океј, ќе ги чекам. Стигаат чаурите, јас колата на мајстор, по димензии чаурата точна ама можеше да се пресува со рака во рукавецот, излезе 1мм во дијаметарот помала од фабричката. Пак моја/наша грешка.
Ми вика мајсторот „да комбинираме?“, викам „комбинираме“, па нашол од нешто друго чаури кои биле пократки, па правел спејсери од старата чаура, ја наместил на кола, све супер.
Можда требаше да се позамарам да купам полиуретански кит за заден трап, ама мнооогу солена цената ми се виде и баталив таа опција.
Дадов преку
4000 денари за чаури од разно разни димензии, но сега се изгуби тропкањeто на ситни нерамнини од позади, тркалата се исправија, и личи на нормална, исправна кола.
---
Додека се замаравме со чекање на чаури, излезе понуда на Аутодок за сервис за ручавање:


- 330mm предни дискови - Valeo
- 278mm задни дискови - Valeo
- Предни плочки - TRW
- Задни плочки - TRW
- Fitting kit за предни плочки - Ridex
Целиов кит, без шверц до МК кошташе
189 евра, од кои предните дискови (ДВАТА) беа 46 евра. Не сум сигурен дали можам да купам еден кинески диск овде за тие пари.
Сменети и тие во интервенцијата, заедно со комплетна промена на глицерин со
Tutela.
---
Сменет post-cat дихтунг на ауспух, осеќав доста издувни гасови во лер со отворен прозор, и кога ја прегледувавме со мајсторот пред да почне да ја работи, видовме дека дихтунгот не... дихтува.
200 денари беше тој дел.
---
И финални два апдејти, начекав на оглас пола година стари Continental SportContact 7, и решив да ја почастам колата (а и себе). Секако бев за купување нови летни гуми, ама тој ми беше буЖето', до 6000 денари од гума.
Така, ќе завршев со нешто као Falken Azenis (арна е на тестови, секако послаба од премиум, ама не далеку), па можам да кажам дека сум
презадоволен со зделката и ги платив и помалку од 6000 по гума.
Последниот апдејт е летните бандажи, Teledial-ките, ги оставив кај Смилевски на целосно средување зошто некој рамнел швицарски тротоари со нив. Ќе имаат и мала промена на нијансата, сјајот, што и да е. Јас им кажав што сакам да постигнеме, ми рекоа можело, па ќе видиме за 2-3 недели дали ќе биде тоа тоа


---
Енд оф апдејт, ми се темни кога ќе ми текне колку пари се потрошија за све ова
