Денес вграден short shifter kit кој пред многу месеци беше набавен од Totally Alfa.
https://www.totallyalfa.com/shop/clutch-gearbox-drive-shafts-other/alfa-romeo-giulietta-mito-159-sports-shifter-adaptor/На новото делче е пократка уствари плочката, таа го скратува одот на рачката, и втора разлика е што се елиминира мала чаура што вообичаено помага за ублажување на вибрациите при влез во брзина.
Сега е пократок одот на рачката во сите насоки (според Totally Alfa 50% пократок), и влезот и излезот од брзина се осеќа.
Пробана до Средно Водно, одлична промена на возачкото искуство.
Промената ме фати некои саат и пол зошто не сакаше да излезе малата јабучица (види слика на линкот погоре), па почнав да вадам периферни работи (акумулатор и постоље за истиот) за да пристапам под подобар агол.
Упатството до душа вика да се вадат цевки и црева, ама тоа никогаш не би го правел со алатот со кој располагам.
Слики нема од процедурата за жал, ама еве една од вчера вечер што си ја чистев детално внатре. Карбонски додатоци во кола се многу cheesy ствар, и не сум некој фан на истите зошто се уствари глорифицирана piano finish пластика, ама на мојава кола ми прираснаа за срце зошто знам колку се ретки во ваква ОЕМ варијанта.

Следна интервенција е да се освежи задниот трап - за жал со гумени делови а не со poly.