Месецов наназад имав повеќе активности пошто на другава кола му фалеа работи и не беше на ниво на претходната внатрешно, како целосно чистење, организација на некои работи, мал сервис како и некои мали ситници што сеуште треба да се средат.
Најпрва работа беше замена на оригиналните патосници со патосници од Самад, скината е само возачката и не ми беше по ќеф плус сива боја, сакам подот да е црн црн,
а подетално ќе пишам во темата за теписонски патосници, зошто баш од таму и вакви.

Втора работа беше, целосно чистење внатре, немам слика не беше валкано ама не беше на ниво кое сакав да биди.
Потоа мал сервис, масло Elf Full-Tech FE 5W-30, и Muller филтри за масло и воздух.
Германија очигледно филтерот за воздух се менува на 30к км, па затоа толку валкан.
Штопната како на VW со гумица за да се наплаќа нова можеби.



Друг ден го сменав и за кабината, и моите очекувања дека тој уште поретко се менува се остварија.
Заменет со Quinton Hazell, со активен јаглен и планирам да го менувам на 6 месеци со еквивалентен пошто здравјето пред се.




Потоа сигурносни штрафови, McGard LokNox обични, и сите штрафови стегнати со килажен на 120Nm.
Мислам треба помалку ама реално побитно е сите да се еднакво стегнати него точно до Nm по спецификација, која мислам е помала во случајов.

Потоа малку повеќе време ми одзеде организацијата на некои пљачки во багажникот шо ги имав во претходната кола, и си имаа свое место ама овде немаа.
Изработката е од Јога блокови од Џамбо 4х150ден, од ЕВА пена, лесна за сечење и тврда во притисок, залепени со Неостик и лепи одлично.
Внатре, дигалка (на старо од Меган 2 за 600ден), клуч, око за влечење, чивии за гуми со алат, резервни сијалици, четка, елек и платно за шофершајбна, и под сето ова, сајлата.
Ништо да не тропа и да се вади комплет.


И вчера конечно и последниот филтер го сменав за гориво кој се наоѓа под кола задно лево тркало. Попристапно него претходниот меган и полесно за менување.
Меѓутоа тој го менувале изгледа на 60к км, освен ептен ако се шит бензинските во Германија па толку да зацрнил, пошто кај нас на 30к км бојата му е влажна само.
Допрва треба до проверам во сервисите кога го менувале, онака информативно.


И то е засега, потаму ќе има и други работи, пп апаратот не ме бендисува како стои вбагажинк, мора некоја иновација и таму
