Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 6561 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #30 на: 30 Март 2026, 21:08:42 pm »
Затоа што ја носам на мајстор, треба да провери што е океј, што не е, па да знам што да заменуваме. Иначе ќе треба да лупнам 300-500 евра комплет све у предница да сменам.

А од друга страна патешествијата со мајсториве иде вака:

Ја купувам колава, прв мајстор што го посетувам е Митревски. Ми прави мал сервис, ми ја проверува на предница, ми вели имаш само лева јабучица за замена, ама барај си мајстор што си работи Фиати, ја сум за ВАГ групација.

Следно започнувам да одам кај неговиот вработен Дејан од Сопиште. Ми прави голем сервис и ми ја заменува јабучицата.
Колата и понатаму појавува повремен звук на крцкање. И муабетот дека се е океј, немаш никаква луфта на ништо во предницата.
Ама тука настапува моментот на: -барај ме утре, барај ме во понеделник, барај ме за две недели.
За мене до три пати ако барам мајстор и ми го врти истиот муабет барај ме за толку дена, одма црвен картон, идемо следен.

Наредно ја имам веќе случката и со менувачот, првично бев кај Горан во Побожје, генерално само Алфа Ромео работи, ама и Фиат не е на одмет.
-Се ти е океј, освен двете помали чаури и лево и десно. Во ред, набавувам комлет чаури, ама и понатаму повремен крц крц.
Муабетот истиот пак, се ти е океј, немаш друга луфта, се ти е стегнато во предница.

Одам во Фас-Вас, правам мал сервис, напоменувам да проверат предница, велат и они се е океј.
Тука е моментот и со Дерби Фиат, менувачот, ама веќе тоа ми е зборено.

Наредно одам кај двајцата мајстори, едниот од Јагуар, другиот од Фиат Македонија да ми го средат климатроникот и за тоа немам збор, ја растурија таблата и за 24 часа беше склопено се назад и климатроникот работи.
Но за ова другово пак истата приказна, ај провери ми, па друже се е океј, немаш никакви луфти. Ама велам крцка. -Епааа сеа тоа е, мора да крцне, дрн дрн јариња.

Океј, идеме даље, правам исто мал сервис одма до мене млад дечко локален сервис, му напоменувам да провери и онака малце тркалата лево десно, се ти е океј, немаш мака. Дури не сакаше и едниот стабилизатор да ми го смени, демек ако тропкал, мала луфта е, вози така.
На мое инсистирање ги сменивме.

И еве последно сега сум кај друг човек исто од Фиат, него малку го напнувам, па некако се нафаќа да проверуваме и да го откриеме што е тоа што ја ебе работата а не е петелот.



Поентата ми е, имам проблем, одам на мајстор, треба да провери и да ми каже, оти во спротивност ако јас треба да дијагностицирам, на крај ќе завршам со комплет промена на се, а тоа не го сакам, ако некој дел е здрав, значи е здрав, се менува она што треба да се замени само.


Али во случајов после некои работи што се сменети, така да веќе полека се доаѓа до финално што е маката.
Ама мораш патешествие со мајсториве, јбг.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2804
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #31 на: 31 Март 2026, 09:14:49 am »
Те разбирам за тоа со мајсторите.

Инаку поради „упла“ од менувачот М32 и јас почетно се информирав што би правел и каде би правел ако дојде ножот до коса, сега за сега не ми делува дека е за интервенција. половен ми е ризик посекако, да го платиш 300 евра, демонтажа и монтажа 100 евра, излегува 400 евра мачка во вреќа.

Ремонт на менувач кај нас како што кажа од 800 до 1000 евра, а во Србија комплет ремонт со сите лежишта +работна рака чини 500 евра, така да, ако дојде до тој момент дефинитивно би го средувал во Србија.

А за подвозје кога слушав тропкање од време на време на Сеникот и тоа траеше скоро 2 години, ги поминав скоро сите мајстори, мојот матичен сервис, Мето, Автомобил проверка на амортизери и уште некој сервис, за да на крај Мартин Алфиста ми го препорача Спасе од Чаир и ми го реши проблемот со половни спирали. Така да, за подвозје, јас да треба сега да правам нешто, би го барал Спасе, се надевам уште работи.
Своерачен потпис ;)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3398
  • Хюндай Тюсон
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #32 на: 31 Март 2026, 17:52:28 pm »
Затоа што ја носам на мајстор, треба да провери што е океј, што не е, па да знам што да заменуваме. Иначе ќе треба да лупнам 300-500 евра комплет све у предница да сменам.


Јас донекаде ги разбирам мајсториве. Очигледно проблемов неможе да се дијагностицира едноставно и истите избегуваат да се впуштат токму во таква авантура да ти кажат да смените некој дел па да продолжи звукот и ти да бидеш незадоволен од мајсторот.

Од друга страна за да се фати со сигурност треба уред кој ќе го закачат на секој подвижен дел од подвожје па ке направите тест вожња и ќе анализирате телеметрија.

Нешто слично на овој само уште понапредни сум видел со повеќе пипци и со опција за снимање



Но како прво мајсторот треба да го купи уредот, да изгуби време фиксирајќи и бележејќи канали со делови итн. Па следува тест возење па анализа итн. Тоа нешто ќе одземе сигурно 2 часа од неговото време и пак стигаме до моментот дали ти како барател на услугата си спремен да платиш 100 евра за дијагностика...






Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #33 на: 31 Март 2026, 17:59:14 pm »
Ќе видиме, можеби и ќе ја однесам во овластен сервис за детална проверка, а после тоа со мајсторот кој секако таму е и вработен, приватно потоа кај него да ја средиме тоа што треба да се замени.

Али како оди времето, се мислам дали и во овластен сервис да ја носам за некои поспецифични работи, подвозје или било што.

За мал сервис, секој локален мајстор може да среди.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #34 на: 31 Март 2026, 18:32:10 pm »
Те разбирам за тоа со мајсторите.

Инаку поради „упла“ од менувачот М32 и јас почетно се информирав што би правел и каде би правел ако дојде ножот до коса, сега за сега не ми делува дека е за интервенција. половен ми е ризик посекако, да го платиш 300 евра, демонтажа и монтажа 100 евра, излегува 400 евра мачка во вреќа.

Ремонт на менувач кај нас како што кажа од 800 до 1000 евра, а во Србија комплет ремонт со сите лежишта +работна рака чини 500 евра, така да, ако дојде до тој момент дефинитивно би го средувал во Србија.

А за подвозје кога слушав тропкање од време на време на Сеникот и тоа траеше скоро 2 години, ги поминав скоро сите мајстори, мојот матичен сервис, Мето, Автомобил проверка на амортизери и уште некој сервис, за да на крај Мартин Алфиста ми го препорача Спасе од Чаир и ми го реши проблемот со половни спирали. Така да, за подвозје, јас да треба сега да правам нешто, би го барал Спасе, се надевам уште работи.

Ако го пазиш менувачот, не го форсираш од ниски вртежи во 5та и 6та, по превои по секоја цена избегнувај ја 6та иако има сила и редовно менувај му масло Тутела Матрикс на не повеќе од 40 000 км и сипувај по 2.7 литри и би требало да си мирен.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #35 на: 07 Април 2026, 20:11:48 pm »
Апдејт на темата мистериозно крцкање, со понекогаш и некој клак-клак тропкање звук што не го има секогаш, туку повремено.

Проблемот е најден и решен за 5 пари.

Прво при детална проверка денеска кај мајсторот утврдено дека крррцц звук доаѓа од големите, односно задните две чаури на виљушките.
Не се скинати, немаат луфта, туку се буквално суви и при движење на виљушката горе-доле го јавува звукот на кррцц.
Мајсторот им прсна силиконски спреј.

Од друга страна пред некој ден ми падна во очи самата хауба, односно истата откако ми е купена колава, едноставно кога ќе ја затворат не стои цврсто, туку има движење и со притискање од едната или другата страна, таа постојано се движи и баш го дава тој остар но не прејак звук на клак-клак.


Наштелована и хаубата да нема никакво движење, туку кога ќе се затвори истата да стои цврсто без никакво движење.


И така после 3 ипол години го возам без никаков звук, ни да крцне, ни да тропне.

И така до некој следен апдејт...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30602
    • CARclub.mk
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #36 на: 07 Април 2026, 20:25:59 pm »
На здравје решавање проблем! :)

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #37 на: 08 Април 2026, 00:54:36 am »
Апдејт на темата мистериозно крцкање, со понекогаш и некој клак-клак тропкање звук што не го има секогаш, туку повремено.

Проблемот е најден и решен за 5 пари.

Прво при детална проверка денеска кај мајсторот утврдено дека крррцц звук доаѓа од големите, односно задните две чаури на виљушките.
Не се скинати, немаат луфта, туку се буквално суви и при движење на виљушката горе-доле го јавува звукот на кррцц.
Мајсторот им прсна силиконски спреј.

Од друга страна пред некој ден ми падна во очи самата хауба, односно истата откако ми е купена колава, едноставно кога ќе ја затворат не стои цврсто, туку има движење и со притискање од едната или другата страна, таа постојано се движи и баш го дава тој остар но не прејак звук на клак-клак.


Наштелована и хаубата да нема никакво движење, туку кога ќе се затвори истата да стои цврсто без никакво движење.


И така после 3 ипол години го возам без никаков звук, ни да крцне, ни да тропне.

И така до некој следен апдејт...
убаво е што ни си сподели. Имав Bravo пред 7-8 години и повеќе и имаше баш звук. Но не го решивме тогаш.
Браво, се надевам дека ова ќе помогне на доста луѓе

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #38 на: 08 Април 2026, 07:26:17 am »
Некогаш проблемите знаат да бидат и банални работи, ама додека го откриеш што предизвикува било какво тропкање или крцкање, нерви ќе искинеш некогаш.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2804
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #39 на: 14 Април 2026, 09:22:39 am »
Како што пиша имаш „прошетано“ доста мајстори. Имаш ли препорака за промена на манжетна на полуосовина, не ми се оди во Куманово во Велиновски само за тоа, таму ја честам редовни сервиси
Своерачен потпис ;)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7092
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #40 на: 14 Април 2026, 18:50:27 pm »
078 331 162 - Боби

Последно сега кај него одам, ама работи после 16 часот дома кај него.