Апдејт овој месец/два дена:
- Зимските бандажи исчистени целосно и со глина поминати флеките меѓу шпици и оној жолт слој од внатрешната страна исчистен со полир паста рачно, пошто чистачот за тркала не го вадеше а ниту шампонот.
Месецов или другиов ќе јади нови зимски гуми, планот е Барум поларис 6.


- противпожарниот го сместив во просторот кај полумесецот откако фиксирав стеги за метал зад тапацир и секов две дупки,
па сега можам да го кренам дното без да ми смета и да го земам елекот брзо-брзо.

Во предната фиока чувам торба за пазарење која ја користам почесто.
Претходно беше врзан во ќошот за куката метална, и не ми се допаѓаше.

Пред:

Потоа:

- И однесена во Рено довлеџик на дијагностика онака за дпф, дизни и нешто друго ако има, па дпф е на 6.5g (25-30g за регенерација било, а 50g+ за чистење физички по ѓемини),
а дизните се сите на 0.9-1.1mg/stroke дали во плус или минус не видов, ама небитно, ок се и тие.
- Грешка побитна имало на еден грејач, засега немам проблем во палење и слично па на есен ќе се замени дефектниот или сите, ќе видиме.
- Купени се аеродинамични кровни носачи.
Андорид Ауто работит со, и гајтанлес, ама не го користам.
Шо не ми се допаѓа моментално:
- рачката на менувачот е како лабава/расклатана за разлика од претходниот меган каде беше убава стегната, не знам шо можи, и дали можи, да се направи тука.
Немам проблем со менување и слично, само чувството не ми се бендисува, на тој 1.6дци од на плац со 300к, рачката беше убо стегната, прецизна.

- суспензијата е мека, убаво низ град на бавно и лежечки, ама на отворено на кривини посилно ми тони, многу е линеарна, нема никаква прогресија,
да бев позанесен по колите ќе сменев спирали ама пари за се се нема, и ќе остани вака.

Засега толку.