Фала на сите, некои веќе имате, а вие шо немате да си купите коли какви шо сакате, по можност нови.

Инаку, јас сум трет газда, првиот ја имал до 85к км, и менувал масло на 25к км, и сменал само 3 пати,
потоа среќа за мене, ја зеде пољакина, која смена 2 пати ребраст и менуваше масло редовно на 12к км.
Исто така го имала сменато и турбото (на огласот така пишуваше), „освежена“ климата и комплет дискови со плочки напред и назад TRW кои не ми се по вкус, гребат на прво/ ладно кочење.
Сменет и акумулатор со оригинален Рено и засега работи старт-стоп.
Жената (не беше баба) му закаче фолии на задни стакла, прописно внесени со Атест во сообраќајна сега со 11% пропустливост, и ок ми се и на вечер, гледам нормално назад,
и го имаше апдејтирано R-Link софтверот, и ми оставе бежично адаптерче за андорид ауто (сеуште се немам поврзано).
Друго, никогаш не било пушено во колата, ми рече.
Пријатно бев изненаден од навигацијата (TomTom), дека 10 години поминато од излегувањето на моделот, си реков ќе работи со ограничувања и ептен некој безвеза интерфејс,
меѓутоа во Германија ми кажуваше и застои и ме пренасочуваше, и ми е многу подобра него гугл мапс од телефон, ми ги кажуваше сите патокази по автопат до МК,
кои ленти да ги држам од автопатот и на исклучување менуваше слика со клучката со лентите и во која да терам.
Е сега дека имам шит телефон, на него позицијата касни со 10-20м, и се случува да утнам раскрсница во градско подрачје, а на колата ич нема каснење, толеранцијата е само некое метро.
Негативно засега:
- иако поширока внатре него 2-ката шо ја имав, сепак е покуса на сметка на хауба и багажник.

- освен просторот под централниот наслон и фиоката кај совозачот која е помала, друга фиока нема апсолутно никаде.