Имам нова комбинација во игра, малце на страна од насловот и/или комбинација од двете.
Hyundai Tucson 2026 Hybrid.
Го возев возилото во саботата. Ситуацијата беше дека немаше бензинец на тест, па ајде хибридот.
Нова беше скапа, 40 и нешто ситно, не ми се вклопуваше во буџет, но, ова што го возев беше регистрирано од нив и е возено околу 3000 км.
Ми го нудат по цена која малце го надминува буџетот (но би преминал преку тоа ако вреди), но овде ми се допадна делот што е многу комотна, тоа го нема во Королата Кросс и е хибрид. Значи ми доаѓа некоја унија на 2 те коли од насловот.
Што ме мисли и сакам да се исконсултирам, дали некој знае, ќе читнам повеќе по интернетов, какви се хибридите на Хјундаи и дали некој има искуства?
Во меѓувреме, бев до Хонда (за HRV) ја даваат последната од ланска година со попуст во средно ниво на опрема(и таа хибрид). Исто така во Suzuki (едино S-Cross, но и тој е малце тесен некако), али тој отпаѓа дефинитивно.
Едино Хонда-та ми стои онака, како не скроз отфрлена опција.