Што се подразбира да има каде да го полни? Нели може во домшани услови вклучуваш у штекер се полни и возиш? или има посебна метода за полнење?
Пример , живееш у зграда на 5ти кат , а немаш паркинг место/гаража во зградата , па мора на јавен паркинг да паркираш .
Sent from my SM-S918B using Tapatalk
Океј, и? Ако добро разбрав, купуваш возило над 25 илјади евра каде што ќе имаш проблем со снабдување на истото возило со струја? Фактички, самата држава, а и брендот кој го нуди тоа на пазарот, е свесен дека купувачот го доведува во заблуда. Јас не знам кој би дал пари за такво нешто.
Тоа е исто како, на пример, бидејќи генерално возиме на бензин, дизел, па и плин, да купиш возило каде што нема да има гориво. Мислам, стварно нема смисла. Прашање е колку има на ниво на цела држава тие полначи, односно посебни места каде што се полнат возилата.
Еве, живееш во куќа во Волково, имаш гаража и двор — дали дома можеш да си го полниш возилото? Нормално, ставаш кабел и го полниш возилото? Или има нешто посебно со кое се полни тоа возило? Тоа ми е прашањето.Скопје да речеме Кратово каде на таа рута ке го наполниш возилото како тоа е регулирано?
И да, каква поддршка нудат продавачите на тие возила во Македонија за таквите возила? За бензин, дизел, плин ништо ново, одиме на пумпа, наточуваме и возиме. Но за другите? Или само да продадат, па ти после снаоѓај се? Мене искрено не ми е логично сето тоа.Па ако некој има време воља и желба нека напише ке се информираат повеќе луѓе.Сега треба да тргнеш на пат до Велес немора Велес Прилеп што правиме ако останеш без батерија каде тоа возило ке го наполниш значи нема магичен круг се во Скопје..