Бузуки, ќе си купиш нов МАФ сензор.
Ако го чистиш со ВД40, контактен спреј, со карбуратор спреј, со таков за чистење кочници, ќе си купиш нов маф сензор на крајот. Маф сензор се чисти со маф сензор спреј и со ништо друго. И прво него го зачисти, а после клапната. Причината е што самиот сензор е преосетлив на секакви влијанија и сите други непогодни спрејови оставаат флеки кога ќе се исушат. А нели поентата е да нема флеки и ѓубре врз самата површина на сензорчето. Кај тебе мислам дека е Hot film тип. И после чистење минимум саат време сушење. Иначе ништо нема да направиш.