Бидејќи уште ова остана непроверено, 85% сум убеден дека тука лежи проблемот за нерамномерното работење под мала гас. Воедно темава ја отварам бидејќи овој проблем не познава марки и се јавува без искључок кај сите бензинци и може да послужи како добар пример во потрагата по предизвикувачот на овој проблем.
Степмоторот, или регулаторот на малата гас по нашки, односно Idle Air Control Valve по странски
, го регулира количеството на воздух кое поминува низ тротл бодито или лептирот, доколку Лептирот е прљав нема идеално затварање со што автоматски доаѓа до нерамномерен проток на воздух а од тоа следи и нерамномерно работење под мала гас. Од лично искуство може да констатирам дека кога е аутото ладно, и работи под саух, работата е рамномерна но штом се искључи саухот поради недобро затварање на лептирот доаѓа до нерамномерно работење под мала гас. Исто така прљав лептир може да осетите и при постојано турирање, ќе забележите дека при одземање на гаста стрелката на обртомерот поспоро се враќа. По некоја моја логика не затвара добро и дава погрешни информации. Бидејќи ова се мојте почетоци во истражувањето на механичките проблеми, доколку некој има замерка, или допуна слободно нека пише. Сеуште не сум земал да ја исчистам клапната, но ќе биде деновиве.