Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 188015 пати)

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 254
    • MVP Ring
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1905 на: 15 Октомври 2026, 23:48:31 pm »
Доколку не постои правоаголен знак "контрола на брзина" неколку метри пред камерата тогаш таа камера најверојатно не е радар. Можно е да си поминал пред плава камера без коцка која што заклучивме дека не е радар..
Нема таков знак на ниту една камера во Охрид и Струга. А логично би било да се мери брзина барем на влез и излез.

Иначе имаше камера и плава коцка до камерата што би требало да биде радарот.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен autoplin

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1906 на: 26 Октомври 2026, 10:10:50 am »
Имам забрана за возење.  Дали сејф сити ако нема прекршок ќе регистрира дека возам со забрана?
Секако не возам, но ќе треба да ја однесам колата на технички за регистрација, треба да поминам на една раскрсница со сејф сити.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7257
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1907 на: 26 Октомври 2026, 10:54:31 am »
Најверојатно не.

Присутен MartinAlfista

  • Џовани Карбони
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18297
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1908 на: 26 Октомври 2026, 11:23:07 am »
Не, нема да регистрира дека возиш со забрана се додека колата не прави прекршок и е регистрирана.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45343
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1909 на: 26 Октомври 2026, 16:44:53 pm »
Изгледа заврши опоменувањето. Не ми стигнала опомена, многу одамна. А си возам 56 или 45...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6484
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1910 на: 26 Октомври 2026, 17:36:22 pm »
Истото сакав сеа дс го пишам, цел пат го возев со плус км на саат не ми стигна ни една порака.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7679
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1911 на: 26 Октомври 2026, 18:05:19 pm »
Последна опомена  ми е на 28.08.2026.

Најверојатно од 01.09 се прекинати опомените.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1931
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1912 на: 26 Октомври 2026, 20:55:31 pm »
Другар го има сликано камера од позади за брзина над дозволената. Мислам беше на ограничување 40 км/ч некаде кај Канал 5. Ја видов и сликата, задната табличка беше сликана.

Ви се има на некој случено ова? Кои камери се всушност овие?

Колку што имам забележано, такви камери најчесто има на семафори но мислев дека сликаат само за поминување на црвено светло.

Јас се сомневам дека камерата ги има измерено тие од спротива, но се подалеку па успеало да ја слика неговата табличка. На почетокот имаше таков случај каде што кола е сликана поради тоа што мотор до неа возел побрзо (ако воопшто беше вистинита таа објава на фејсбук).
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1035
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1913 на: 26 Октомври 2026, 22:15:36 pm »
Другар го има сликано камера од позади за брзина над дозволената. Мислам беше на ограничување 40 км/ч некаде кај Канал 5. Ја видов и сликата, задната табличка беше сликана.

Ви се има на некој случено ова? Кои камери се всушност овие?

Колку што имам забележано, такви камери најчесто има на семафори но мислев дека сликаат само за поминување на црвено светло.

Јас се сомневам дека камерата ги има измерено тие од спротива, но се подалеку па успеало да ја слика неговата табличка. На почетокот имаше таков случај каде што кола е сликана поради тоа што мотор до неа возел побрзо (ако воопшто беше вистинита таа објава на фејсбук).

На патишта со само две ленти и камерата на средина ако е ставена може двете насоки да ги регистрира.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11191
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1914 на: 27 Октомври 2026, 09:05:30 am »
Другар го има сликано камера од позади за брзина над дозволената. Мислам беше на ограничување 40 км/ч некаде кај Канал 5. Ја видов и сликата, задната табличка беше сликана.

Ви се има на некој случено ова? Кои камери се всушност овие?

Колку што имам забележано, такви камери најчесто има на семафори но мислев дека сликаат само за поминување на црвено светло.

Јас се сомневам дека камерата ги има измерено тие од спротива, но се подалеку па успеало да ја слика неговата табличка. На почетокот имаше таков случај каде што кола е сликана поради тоа што мотор до неа возел побрзо (ако воопшто беше вистинита таа објава на фејсбук).

40 e дозволено таму и регистрира брзина
нема измерено од спротива, затоа што и јас имам сликица од недела сабајле каде никој друг немаше на патот

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7679
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1915 на: 27 Октомври 2026, 13:33:27 pm »
Другар го има сликано камера од позади за брзина над дозволената. Мислам беше на ограничување 40 км/ч некаде кај Канал 5. Ја видов и сликата, задната табличка беше сликана.

Ви се има на некој случено ова? Кои камери се всушност овие?

Колку што имам забележано, такви камери најчесто има на семафори но мислев дека сликаат само за поминување на црвено светло.

Јас се сомневам дека камерата ги има измерено тие од спротива, но се подалеку па успеало да ја слика неговата табличка. На почетокот имаше таков случај каде што кола е сликана поради тоа што мотор до неа возел побрзо (ако воопшто беше вистинита таа објава на фејсбук).

Мене камерата кај канал5 ме има измерено за брзина на мотор. Како- не знам. Ми стигна смс предупредување.

Дали сум претекнувал колона (влезен во спротивна лента нели), па ме фатила камерата на принцип оддалечување.. не знам дали мерат на приближување или и на оддалечување? 

И уште еден другар со мотор ми се пожали на ист случај, кај истата камера.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5862
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1916 на: 27 Октомври 2026, 13:42:26 pm »
Таму улицата е двосмерна и има 2 камери контра свртени за брзина кои се наместени во двата правци да мерат брзина. Е сега пошто од напред не може да те регистрира камерата многу веројатно дека може да мери и при оддалечување на возило штом ве фатило. Но еве минатиот пат кога се видовме у злокуќани намерно поминав од таму со над дозволеното и не ми стаса ништо. Веројатно веќе не стигаат предупредувања туку само казни а јас бев во зона на толеранција.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1917 на: 01 Ноември 2026, 21:12:54 pm »
Imame li tuka nekoj kicevcanec, mi stigna kazna na izlez od Kicevo prema Skopje kaj oslomej, cudno e sto me ima slikano od pozadi, namaliv jas pred kamerata taka sto pod nea sigurno ne nadminav, na kolku metri moze da slika.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9267
  • Пичлеме
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1918 на: 04 Ноември 2026, 13:56:39 pm »
Цитат
  Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци онаму каде што го нема  системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе регистрираат прекршоци на учесници во сообраќајот.

Како што рече, возачите веќе научиле каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат правилата, но каде што нема камери - „повторно имаме поинаков тип на управување моторно возило“.

- Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние што несовесно ги управуваат моторните возила полека нучија каде се камерите и тоа е добро. Е, сега, не ќе може да претпостават каде ќе бидат полициските возила. Тие ќе може да констатираат прекршок и тој директно ќе биде внесен во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување, процесирање на сите прекршоци - изјави Тошковски по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 - 2030.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1919 на: 04 Ноември 2026, 21:44:29 pm »
Во Атина уште подобро направија , наместија Сејф сити камери на градските автобуси . Па оди летај да те видам

Sent from my SM-S918B using Tapatalk