Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 80480 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7643
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1455 на: 28 Март 2026, 14:59:22 pm »
Јас би рекол не смее, освем ако нема трепкачко жолто.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1456 на: 28 Март 2026, 15:25:44 pm »
На оваа раскрсница кога не работи помошното за десно не смее да се врти?

https://maps.app.goo.gl/Wb8ghiKvZwk7wQV18?g_st=ac
https://maps.app.goo.gl/KcG5DbZcEpXuP6XC8?g_st=ac

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Зашо да не би смеело? И во Грција е исто. И таму многу пати не им работат семафорите за десно, кои ги има 100 пати повеќе од МКД.

Имам поминувано тука и со семафор што работи и што не работи.
Ако работи семафорот за десно - работи и се водиш по тоа. Ако трепка жолто или воопшто не работи семафорот - има знак за предност и си ги чекаш тие што ти идат од главниот пат (од Автокоманда).

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1457 на: 28 Март 2026, 16:31:40 pm »
Ова помошно зелено за десно одамна не работи. Според тоа не смее да се поминува.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1458 на: 28 Март 2026, 16:33:32 pm »
Ова помошно зелено за десно одамна не работи. Според тоа не смее да се поминува.

Какви се овие глупости на форум за кола? Кога не работат семафори на раскрсница - се враќаш назад? Магично тој пат станува забранет или што е со глупиве прашања?
Знакот џабе е ставен или како?
Се знае на раскрсница како е редоследот - се гледаат семафорите. Ако не работат семафорите - се гледаат знаците. Ако нема ни знаци - останува само правило на десна страна.



Да се укине таа лента тогаш. Пиши му на Панче, може ќе те послуша.
Уствари не му пишувај. Ќе го прашаш нешто друго пошто и битисувањето на форумов ти е само за прашања.
« Последно менување: 28 Март 2026, 16:43:11 pm balanar »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7643
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1459 на: 28 Март 2026, 16:41:14 pm »
Ако не работат семафорите трепкаат жолто, ако свети црвено главниот семафор значи работат и немаш слободно десно.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1460 на: 28 Март 2026, 16:45:37 pm »
Ако не работат семафорите трепкаат жолто, ако свети црвено главниот семафор значи работат и немаш слободно десно.

Членот прашува дали ВООПШТО не смее да се оди десно, барем јас така го разбирам. Или тешко му оди изразувањето, не знам.
Дури и сликата што ја дал за пример е со зелено на главниот семафор:


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1461 на: 28 Март 2026, 16:50:07 pm »
Во тој случај логично е дека смее да помине.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1462 на: 28 Март 2026, 16:54:15 pm »
Се дешава и воопшто да не работат семафори, не да трепкаат жолто. Тогаш се гледа по знаци (ако има). Ако нема - правило на десна страна.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1463 на: 28 Март 2026, 18:25:06 pm »
Дополнителното за десно на оваа раскрсница е исклучено одамна. Работат само главните 3 светла.

Кога е црвен семафорот, дополнителното за десно не свети.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1464 на: 28 Март 2026, 18:27:48 pm »
Дополнителното за десно на оваа раскрсница е исклучено одамна.

Кога е црвен семафорот, дополнителното за десно не свети.

Одлучи се што е што.
Целосно е исклучено дополнителното одамна или не свети само кога е црвен семафорот?

Јас мислам дека ти ни сам не знаеш што сакаш да прашаш.
Сам се побиваш во две реченици, Боже сачувај.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1465 на: 28 Март 2026, 18:38:53 pm »
Дополнителното таму не работи многу одамна.

И човекот прашува дали смее да се поминува десно додека главниот семафор свети црвено.

Во суштина самата раскрсница како е дизајнирана, нема потреба да чекаш, бидејки ваквиот тип на раскрсница го имаш на многу места на Партизанска да кажеме и таму не чекаш никогаш за десно додека свети главниот семафор црвено бидејки десното исклучување е од десната страна на семафорот, десно одиш пред семафорот, а не да мораш право покрај семафорот, па потоа да вртиш десно.

Просто и едноставно, како што на истите типови на исклучувања на десно што се по Партизанска раскрсниците не чекаш главниот семафор да е зелено па да вртиш, така и овдека.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1466 на: 28 Март 2026, 18:40:32 pm »
Помошното е исклучено зошто не е потребно.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1467 на: 28 Март 2026, 18:53:27 pm »
Дополнителното за десно на оваа раскрсница е исклучено одамна.

Кога е црвен семафорот, дополнителното за десно не свети.

Одлучи се што е што.
Целосно е исклучено дополнителното одамна или не свети само кога е црвен семафорот?

Јас мислам дека ти ни сам не знаеш што сакаш да прашаш.
Сам се побиваш во две реченици, Боже сачувај.

Истата работа е објаснета на 2 начини за да сфатиш како функционира семафорот.

Помошното е исклучено зошто не е потребно.

Сигурен ли си? Треба да барам низ закон ама прилично сум сигурен дека доколку постои додаток за десно и не работи важи главниот семафор.

Дополнителното таму не работи многу одамна.

И човекот прашува дали смее да се поминува десно додека главниот семафор свети црвено.

Во суштина самата раскрсница како е дизајнирана, нема потреба да чекаш, бидејки ваквиот тип на раскрсница го имаш на многу места на Партизанска да кажеме и таму не чекаш никогаш за десно додека свети главниот семафор црвено бидејки десното исклучување е од десната страна на семафорот, десно одиш пред семафорот, а не да мораш право покрај семафорот, па потоа да вртиш десно.

Просто и едноставно, како што на истите типови на исклучувања на десно што се по Партизанска раскрсниците не чекаш главниот семафор да е зелено па да вртиш, така и овдека.

На Партизанска каде што смее да се врти десно нема дополнителен семафор за десно.

Семафор со најблиска логика до овој е тој кај бараките на Град Скопје со дополнително за право, лентата е само за право ама не смее да се поминува кога не свети дополнителното зелено.
« Последно менување: 28 Март 2026, 19:00:41 pm DarthJe5us »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1468 на: 28 Март 2026, 19:05:43 pm »
Јас мислам дека најарно е да си преполагаш.

Главниот семафор (за ПРАВО) и неговата сигнализација нема врска со другата лента (за десно).
Ако нема активна светлосна сигнализација за десен правец - правилата се по знаци.

Како што кажав - во Грција (каде што имаат 100 пати повеќе семафори исклучиво за десно) - често пати не работат. Возачите си минуваат десно, иако главниот семафор е црвено за право. Небитно е каков е главниот семафор. Ова сум го видел и на расксрници каде стоеле и сообраќајци за контрола (не за регулација).
« Последно менување: 28 Март 2026, 19:13:15 pm balanar »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1469 на: 28 Март 2026, 19:39:07 pm »
Дополнителното за десно на оваа раскрсница е исклучено одамна.

Кога е црвен семафорот, дополнителното за десно не свети.

Одлучи се што е што.
Целосно е исклучено дополнителното одамна или не свети само кога е црвен семафорот?

Јас мислам дека ти ни сам не знаеш што сакаш да прашаш.
Сам се побиваш во две реченици, Боже сачувај.

Истата работа е објаснета на 2 начини за да сфатиш како функционира семафорот.

Помошното е исклучено зошто не е потребно.

Сигурен ли си? Треба да барам низ закон ама прилично сум сигурен дека доколку постои додаток за десно и не работи важи главниот семафор.

Дополнителното таму не работи многу одамна.

И човекот прашува дали смее да се поминува десно додека главниот семафор свети црвено.

Во суштина самата раскрсница како е дизајнирана, нема потреба да чекаш, бидејки ваквиот тип на раскрсница го имаш на многу места на Партизанска да кажеме и таму не чекаш никогаш за десно додека свети главниот семафор црвено бидејки десното исклучување е од десната страна на семафорот, десно одиш пред семафорот, а не да мораш право покрај семафорот, па потоа да вртиш десно.

Просто и едноставно, како што на истите типови на исклучувања на десно што се по Партизанска раскрсниците не чекаш главниот семафор да е зелено па да вртиш, така и овдека.

На Партизанска каде што смее да се врти десно нема дополнителен семафор за десно.

Семафор со најблиска логика до овој е тој кај бараките на Град Скопје со дополнително за право, лентата е само за право ама не смее да се поминува кога не свети дополнителното зелено.

Уште полесно за објаснување е на Партизанска во таков случај, бидејки начинот на исклучување и таму, а и на оваа раскрсница е идентичен, засебен десен исклучок.
Со тоа што баш на Партизанска дека нема никаква ознака за десно на семафорот, значи и не смееш да се исклучуваш десно се додека семафорот свети зелено ?

Непотребно комплицираш едноставна работа.