Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 80451 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1470 на: 28 Март 2026, 19:56:38 pm »

Помошното е исклучено зошто не е потребно.

Сигурен ли си? Треба да барам низ закон ама прилично сум сигурен дека доколку постои додаток за десно и не работи важи главниот семафор.

Сигурен сум.  Посебна е лентата за десно и е со остров одвоена од лентата за право. Да е една лента за право и десно, тогаш ќе има смисла помошното светло за десно.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1471 на: 29 Март 2026, 13:40:47 pm »
Член 43 и 198 ја објаснуваат ситуацијава и според нив не смее да се поминува на црвено тука.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1472 на: 29 Март 2026, 14:12:07 pm »
Според начинот на исклучување за десно, десното помошно светло треба и да се отстрани од семафорот воопшто да го нема.

Исто како што и од другата страна што е, кога доаѓаш од Бриколаж, се качуваш по мостот и вртиш десно за да се уклучиш према излез од Скопје, таму немаш никакво додатно светло за десно, ист тип на исклучување, и сите се исклучуваме десно без да го чекаме главниот семафор.

Просто и едноставно, а го комплицираш до максимум.

Исто како и портокаловите знаци заборавени кај Свети Николе на автопатот, 10 години веќе е пуштен автопатот и нема никаква градежна активност, ама сеуште стојат ограничувања и од 40 км/ч. Да не случајно возиш 40 км/ч таму ?

Еве тука, тука чекаш семафорот да свети зелено за да свртиш десно ?
« Последно менување: 29 Март 2026, 14:17:28 pm FiLo »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1473 на: 29 Март 2026, 14:28:51 pm »
Член 43 и 198 ја објаснуваат ситуацијава и според нив не смее да се поминува на црвено тука.

Зошто лажеш бе? Ти не знаеш да читаш или што е работава?
Абе 20000 мислења имаш на форумов, се осеќам да се објаснувам со полошата верзија на Џимни.

Член 33:

Цитат
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за
давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за учесниците во
сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло - забрана на минување,
- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се
појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не
можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за другите
учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале да го
преминуваат коловозот.
(2) Жолтото светло запалено истовремено со црвеното светло, служи за
предупредување на учесниците во сообраќајот за блиското престанување на забраната
на минување и за појавата на зелено светло.
(3) Жолтото трепкаво светло ги обврзува сите учесници во сообраќајот да се движат со
зголемена претпазливост.

(4) Зеленото трепкаво светло служи за предупредување на учесниците во сообраќајот
за блиското престанување на слободното минување и за појавата на жолто, односно
црвено светло.
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска
противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.
(6) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска
противвредност, согласно со одредбите од овој закон, ќе му се издаде на пешак кој
постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Член 198:

Цитат
Член 198
(1) На уредот за давање светлосни сообраќајни знаци со тробојни светла, може да му
се додаде дополнителен светлосен знак во форма на зелена светлечка стрелка или
повеќе такви знаци.
(2) Дополнителните светлосни знаци од ставот (1) на овој член, се сместуваат од
соодветната страна на светлосниот сообраќаен знак и тоа на висина на која се наоѓа
зеленото светло.

Овде НИКАДЕ не пишува дека не смее да се поминува во ситуацијата што тука се објаснува.
Ниту пак пишува што треба да се кога прави дополнителниот светлосен знак не е во функција.

Уствари, не си ти крив, ние сме ненормални што ти објаснуваме.
Каков бот, мајко мила.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1474 на: 29 Март 2026, 14:49:37 pm »
Никаде не пишува ни дека не смееш да поминеш дупла полна линија во законот инаку, мора да се толкува. @zeroSignal жити се со навредиве малце среди ситуација.

Член 44
(1) Ако на уредот за давање светлосни сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот
на крстосница му е додаден еден или повеќе дополнителни знаци во форма на зелена
светлечка стрелка, возачот може да го помине со возилото светлосниот знак и да тргне
во правецот означен со зелената светлечка стрелка и за времето додека е запалено
црвеното или жолтото светло, при што не смее да го попречува сообраќајот на возилата
што се движат по патот на кој влегува и задолжително треба да ги пропушти пешаците
кои преминуваат преку коловозот.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1923
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1475 на: 29 Март 2026, 15:14:53 pm »
Зар оваа ситуацијa е спорна на автомобилски форум за некој кој има возачка?!

Клауде и гемини може имаат одговор...
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1476 на: 29 Март 2026, 15:34:58 pm »
Никаде не пишува ни дека не смееш да поминеш дупла полна линија во законот инаку

И ова е уште една твоја лага.

Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот
Член 68

Член 44
(1) Ако на уредот за давање светлосни сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот
на крстосница му е додаден еден или повеќе дополнителни знаци во форма на зелена
светлечка стрелка, возачот може да го помине со возилото светлосниот знак и да тргне
во правецот означен со зелената светлечка стрелка и за времето додека е запалено
црвеното или жолтото светло, при што не смее да го попречува сообраќајот на возилата
што се движат по патот на кој влегува и задолжително треба да ги пропушти пешаците
кои преминуваат преку коловозот.

 :) :) :) :) :)
Ова само потврдува дека треба да преполагаш за возачка дозвола.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1477 на: 29 Март 2026, 16:22:41 pm »
Одговорот на прашањето дали смее таму да се врти без да се ферма семафорот е кристално јасен.

Се останато е само тепање време и билдање постови.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1478 на: 29 Март 2026, 17:26:19 pm »
Никаде не пишува ни дека не смееш да поминеш дупла полна линија во законот инаку

И ова е уште една твоја лага.

Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот
Член 68

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Член 44
(1) Ако на уредот за давање светлосни сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот
на крстосница му е додаден еден или повеќе дополнителни знаци во форма на зелена
светлечка стрелка, возачот може да го помине со возилото светлосниот знак и да тргне
во правецот означен со зелената светлечка стрелка и за времето додека е запалено
црвеното или жолтото светло, при што не смее да го попречува сообраќајот на возилата
што се движат по патот на кој влегува и задолжително треба да ги пропушти пешаците
кои преминуваат преку коловозот.

 :) :) :) :) :)
Ова само потврдува дека треба да преполагаш за возачка дозвола.

Како што пишав во законот не е дефинирано.

Ова твоето е од ПРАВилник

ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ, ОПРЕМА СООБРАКАЈНИТЕ ЗНАЦИ, ОПРЕ И СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ПАТОТ

Одговорот на прашањето дали смее таму да се врти без да се ферма семафорот е кристално јасен.

Се останато е само тепање време и билдање постови.

Црвеното е полно црвено што значи забранува движење во сите насоки. Доколку има опција за исклучување најчесто црвеното е со стрелка во која насока забранува движење.

Законот е јасен дека дозволено е вртење само ако зеленото дополнително е вклучено.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1479 на: 29 Март 2026, 18:39:27 pm »
Ај воздржете се од навреди.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1480 на: 29 Март 2026, 19:48:51 pm »

Црвеното е полно црвено што значи забранува движење во сите насоки. Доколку има опција за исклучување најчесто црвеното е со стрелка во која насока забранува движење.
На таа конкретна раскрсница, тебе не те занима семафорот кога вртиш десно. Не е дел од твојот пат. Тебе те занима знакот кој вели дека се вклучуваш на пат со првенство на минување.
Затоа е и исклучено помошното, и како што ти посочија, на другата страна го нема. Овдека од мрза само не го извадиле. И ако не работи, не знаеш дали е помошно за право или помошно за лево или помошно за десно. Кај нас има помошни и за право (нешто неверојатно, ама постои).

Еве ти едно прашање:

Дали на оваа раскрсница кога е црвено за право смееш да завртиш десно? Пошто исто е. Без разлика што постои орнамент на семафорот на надвожњакот во автокманда.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1481 на: 29 Март 2026, 21:55:52 pm »
Одговорот на прашањето дали смее таму да се врти без да се ферма семафорот е кристално јасен.

Се останато е само тепање време и билдање постови.

Црвеното е полно црвено што значи забранува движење во сите насоки. Доколку има опција за исклучување најчесто црвеното е со стрелка во која насока забранува движење.

Законот е јасен дека дозволено е вртење само ако зеленото дополнително е вклучено.

Веќе погоре ти поставив прашање, ама еве пак ќе ти поставам. Истиот мост, истото исклучување, на 20 метри од твоево исклучување.
Дали и тука чекаш да е зелено на семафорот за да вртиш десно ?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1482 на: 29 Март 2026, 23:22:05 pm »

Не чекам и не е исто исклучување.

3 ленти се тука и според ЗЗБСП сите ленти се регулирани посебно, 2 со семафор, една со знак.

На таа јас што ја прашав семафорот има додаток за десно значи семафорот регулира и за десно. Тоа што е исклучено само значи дека треба да се почитува светлото на семафорот.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1483 на: 29 Март 2026, 23:30:41 pm »

Дали е физички одвоено со мало островче ова исклучување и она твоето со фамозното додатно десно ?

Настрана ова додатново непостоечко зелено, МВР ги пуштиле пресретачите

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20375
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1484 на: 29 Март 2026, 23:33:20 pm »
Ако пишува некаде во законот за вакви физички оделби прати. Семафорот ги регулира двете насоки моментално. Тоа што не работи светлото исто е објаснето во законот.

Затоа и пишав, во законот е пишано кога се повеќе од 2 ленти сите посебно треба да се регулирани со вертикална сигнализација. Кога се 2 како тука може и со 1 знак.

Затоа и пишав на форум, да се направи дискусија.

Не е битно кој како вози, туку како е правилно по законите во Македонија регулирано.
« Последно менување: 29 Март 2026, 23:38:25 pm DarthJe5us »