Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 53050 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30501
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1395 на: 12 Март 2026, 18:01:51 pm »
Добро. Ти си службеник на технички при регистрација, јас сум човек што живее во некоја припиздина на Пехчево.

Ми викаш - мејл и телефон? Ти викам - немам.

И? Нема можам да си го регистрирам возилото?

Глупаво е и не викам дека така треба - ама ако така одлучиле тие што одлучуваат... За жал, да.

Изјавата за коњ е крајно, крајно идиотска. Немам коментар.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1396 на: 12 Март 2026, 18:27:57 pm »
Оставиле простор - едно за манипулација, друго како основ за поништување.

Согласно нашето законодавство, задолжително е име, презиме - адреса на живеалиште / престојувалиште.

Но, како и секоја друга ствар, ја почнуваме да ја градиме од кровот, наместо од темелот.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3542
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1397 на: 12 Март 2026, 18:49:43 pm »
Не е идиотска туку реална состојба со коњот, што живееме и кој се ни крои судбина...
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
    • MVP Ring
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1398 на: 12 Март 2026, 19:34:39 pm »
Да имаш возачка а да немаш телефонски број или меил... што знам, некако не ми оди под рака.

А знаеме кои беа најгласни противници, оние кои возеа без возачка и регистрација.

Се жалиме за погрешни работи. Веќе кога е дигитализирано, зошто едноставно не стига линк, да си кликнеш и платиш на него. Потврда на меил дека е платено и готово.


А овде читам дека луѓе оделе во станица за  да платат, ни таму не знаат како да пополнат уплатница.

Да оспориш казна уште по лоша процедурата.

Е ова се реалните проблеми, а не зошто не се доставува по пошта.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk


Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2281
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1399 на: 12 Март 2026, 20:08:39 pm »
Да имаш возачка а да немаш телефонски број или меил... што знам, некако не ми оди под рака.

А знаеме кои беа најгласни противници, оние кои возеа без возачка и регистрација.

Се жалиме за погрешни работи. Веќе кога е дигитализирано, зошто едноставно не стига линк, да си кликнеш и платиш на него. Потврда на меил дека е платено и готово.


А овде читам дека луѓе оделе во станица за  да платат, ни таму не знаат како да пополнат уплатница.

Да оспориш казна уште по лоша процедурата.

Е ова се реалните проблеми, а не зошто не се доставува по пошта.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk

Се буневме и за тоа тука, неколку страни поназад, и имаше луѓе што ни викаа дека како не ни било срам да се буниме за систем кој бил многу добар.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2682
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1400 на: 12 Март 2026, 20:35:58 pm »
Се буните за мејл и телефонски број за ебена регистрација, а тоа што направија сите електронски/интернет плаќања да се ограничени преку апликацијата на соодветната банка - ОК е  :)

Свесни сте дека без инсталирана и подесена апликација не можете да платите ништо повеќе онлајн? Не?
Со СМС барем можеше да стигне СМС порака, без ниедна апликација на телефонот да имаш.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2281
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1401 на: 12 Март 2026, 20:38:40 pm »
Се буните за мејл и телефонски број за ебена регистрација, а тоа што направија сите електронски/интернет плаќања да се ограничени преку апликацијата на соодветната банка - ОК е  :)

Свесни сте дека без инсталирана и подесена апликација не можете да платите ништо повеќе онлајн? Не?
Со СМС барем можеше да стигне СМС порака, без ниедна апликација на телефонот да имаш.

Не ми е проблем дека не можам да платам онлајн без апликација - FaceID е побезбедно од СМС да ти стига.

Да, проблем е тоа што немаш opt-in, и што кај некои банки за да имаш пристап до апликацијата треба да ја платиш. NLB Pay за NLB e одделена од NLB mKlik (што се плаќа) и е бесплатна, пример. Идеално ќе беше да имплементираа преку било кој Authenticator, ама сепак Асеко им го работи софтверот на повеќето банки така да не може многу да очекуваме.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44861
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1402 на: 12 Март 2026, 21:01:35 pm »
Проблемот е многу поголем. Поради големиот број на жртви во сообраќајот, уставниот суд (највисокиот орган кој во државава, кој треба да ја штити уставноста и законитоста), носи популистички одлуки. Јас разбирам дека дел од решението е воведување строг режим на казнување, и ок е тоа. Ама ако не е како што треба спроведено - не е ок!
Судот ад-хок ги отврла претставките околу крајно погрешно конципираниот закон. Не е Сејф Сити лоша идеја, 100 пати кажавме. Лошо е одработено од почеток до крај. Од законодавен аспект па се до имплементација. Уставниот Суд ги отфрли претставките, и тоа е конечна одлука и против тоа не може лесно да се избориме, туку ќе мора да ги  почитуваме сите одлуки.
Малце си играв правник со АИ моделиве, и еве неколку толкувања:

 Точно, ако ја разгледаме ситуацијата, правилото кое ги обврзува граѓаните да примаат казни и известувања по електронска пошта или СМС може да се смета дека крши неколку основни уставни принципи на РСМ. Еве како стојат работите:

Член 9 – Равенство и недискриминација
Сите граѓани се еднакви пред законите.
Обврска да имаш електронска пошта или мобилен уред за да добиваш известувања може да дискриминира лица кои немаат пристап до такви уреди (постари лица, лица со помалку приходи).

Член 22 – Право на приватност и лични податоци
Присилување на граѓаните да користат електронски уреди за службена комуникација без законска обврска може да се толкува како повреда на приватноста и слободата на комуникација.

Член 31 – Право на заштита од самостојно кршење на права
Секој има право на правна заштита ако се загрозени неговите права. Ако не постои алтернатива за електронско известување, граѓанинот практично нема можност да ги оствари своите права на известување и приговор.

Член 116 – Законот пред уставот
Законите и подзаконските акти мора да се во согласност со Уставот.
Ако правилото за СМС/е-пошта ги обврзува граѓаните без законска основа, тоа е потенцијално противуставно, дури и ако Уставниот суд го прогласил за уставно со спорна логика.


граѓаните имаат право да бараат ревизија на правилото или да поднесат жалба (колективна или индивидуална) до надлежниот орган.

Сепак, ако Уставниот суд веќе донел одлука, формално таа одлука важи, но правната аргументација за противуставност е сè уште валидна и може да се користи:

за јавна критика,
за иницијатива за измена на правилото,
за поднесување на жалба до меѓународен суд (ЕСЧП).


Едит: после му посочив линк до уставот и ги добив овие одговори:

1. Член 9 – Равноправност пред закон и Устав

„Граѓаните... се еднакви во слободите и правата... пред Уставот и законите.“
Како ова се користи против спорното правило?
• Ако известувањето по електронски канали е де факто обврска што ги дискриминира лицата без пристап до електронски уреди, тоа може да се толкува како различен третман на граѓани со различни можности, што би се спротивставило на начелото на еднаквост.

Зошто е битно: Уставот не дозволува да се создаваат услови кои ќе прават некои граѓани во реалност да не можат да остварат еднакво право на правно известување и заштита.

2. Член 25 – Почитување и заштита на приватноста, достоинството и угледот

„На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, достоинството и угледот.“
Како ова се користи против спорното правило?
• Присилно користење електронски комуникациски уреди поставува фундаментална информациска обврска/инфраструктурна условеност која не е законски утврдена и може да ја загрози приватноста или достоинството, со оглед на тоа што граѓаните мораат да бидат видливи и активни на платформи кои не секој ги поседува или ги користи.

Значење: Доколку нема законска основа која јасно го пропишува тоа известување (и алтернативни патишта), може да се тврди дека тоа ги нарушува уставните гарантирани права на приватност и достапност до правосудни акти.

3. Член 15 – Право на жалба против поединечни правни акти

„Се гарантира правото на жалба против поединечни правни акти…“
Како ова се користи:
• Тоа значи дека секој што е оштетен од конкретни административни акти (на пр. казни/известувања) има право на ефикасна правна заштита, пред суд или управен орган.
• Ако известувањето по е‑пошта/СМС им го оневозможува навремено преговарање, правна заштита и жалба, тоа влијае на право на правна заштита.

4. Член 17 и 18 – Тема на слободни информации и заштита на лични податоци

Член 17 гарантира слобода и тајност на писмата и општењето;
Член 18 гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци.

Како ова се користи:
• Ако обврската за комуникација електронски не гарантира соодветна заштита и законски јасни гаранции за тие права, тоа може да се употреби како дополнителен аргумент дека одредбите на закон/правило ги ставаат граѓаните во ризик на повреда на нивните уставни права од областа на приватноста и безбедноста на лични податоци.
« Последно менување: 12 Март 2026, 21:31:15 pm Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
    • MVP Ring
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1403 на: 12 Март 2026, 21:27:40 pm »
Се буните за мејл и телефонски број за ебена регистрација, а тоа што направија сите електронски/интернет плаќања да се ограничени преку апликацијата на соодветната банка - ОК е  :)

Свесни сте дека без инсталирана и подесена апликација не можете да платите ништо повеќе онлајн? Не?
Со СМС барем можеше да стигне СМС порака, без ниедна апликација на телефонот да имаш.
Ова да, бескрајно се искомплицира процес кој беше скроз едноставен.

Сметки плаќам со картица од стопанска, тоа нивниот токен пола од корисниците нема да знаат да го подесат и користат.

И на нлб ми стигна порака за промена на верификација, најверојатно и кај сите банки е така.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10569
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1404 на: 12 Март 2026, 22:43:07 pm »
Ќе дадам малку поостро видување на работите.
Со задолжителното оставање приватни  податоци за е-комуникација гледам дека се овозможува полесен државен надзор, што е чекор кон авторитаризам.
Следење на движењето и приватноста е бонус.
Доколку некој нема избор (нема алтернатива во хартија), и е принуден да користи технологија, а не поседува вештини или средства за е-уреди, тој е дискриминиран и исклучен од системот, тоа е форма на репресија.
Се спроведува присилна контрола од страна на државната моќ која воедно диктира правила на живеење и гушење на слободата.
И така веќе имаме неколку елементи на Фашизам како начин на владеење кој меѓудругото се потпира на тотална контрола.
И барем еден од  уставните судии не ги гледа тие елементи, туку напротив, ги легитимира.

Не дека имам нешто против за е-комуникација, побрзо, поефикасно, но иритира кога ќе ги кажат дека е задолжително оставање податоци каква боја гаќи носам, за МВР да удри печат во сообраќајната откако возилото има валидна полиса и поминало технички преглед.

За еднонасочната е-комуникација да не потсетувам.
« Последно менување: 12 Март 2026, 22:48:40 pm Mikius »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1405 на: 12 Март 2026, 23:43:44 pm »
Друже кој црн фашизам и кое црно гушење на слобода. У државава над 50% од администрацијата или не оди на работа или не работи дур е на работа. Све е у три лепе отидено, и тој фашизам да сакаат да го воведат, нема кој да го сработи.


Сејф Сити е единствена нормална работа што се случила во вукојебинава. Аман не квичете за мејл и телефон, некој дедо ако нема мејл или телефон ќе остави од син, ќерка, внуци имејл и мобилен.

Ај ако не нека го укинат и пак да биде војна на улициве во сообраќајот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44861
  • Il Moderatore
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1406 на: 13 Март 2026, 06:39:51 am »
Далеку е од нормална работа. Толку е ненормално имплементирана, што се поистоветува со двеењето претходно што било по улиците. Само сега дивеењето е од другата страна на законот. Ќе беше нормална работа, да седнеа паметни луѓе да го стокмат, а не тие 50%  што не одат на работа и не работат дур се на работа.

Не е само дедото. И јас може да решам да живеам „оф грид“, и да исклучам секаква дигитална комуникација. Тоа не е забрането во државата.
Има луѓе кои не може да имаат телефон од други причини, а и да има телефон да служи за „ало“ а не за читање пораки.
Сега е за казни за сообраќај, утре ќе му текне на некој, „аа ако може за сообраќајниве, зошто да не може за управрни работи или за други прекршоци“, па тогаш не е дали имал возачка и кола, тогаш секој ќе биде под притисок да има телефон и да знае смс да прочита. И слеп и сакат и сиромав. До каде ќе оди дискриминацијата и нерамноправноста, која овој пат е поддржана од Уставниот Суд?  Ако ја гледаш само теснтата слика на проблемот, тогаш навистина ти имаш проблем.
« Последно менување: 13 Март 2026, 06:54:03 am Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4549
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1407 на: 13 Март 2026, 07:09:26 am »
Се сеќавам пред некое време пишав во некоја тема (или прашав, сеедно), да каже некој една работа која е направена во МК од почеток до крај како што треба. Ако ме служи меморијата, беше даден пример со автопат, или регионален пат некој во источна Македонија, не коментирав, зашто не сум веќе скоро 7 години во МК, па да не искочи дека сум се отселил и зборам само лошо. Али еве уште еден проект што може да се додаде на листата на погрешно изведени во МК, и на тоа да се додаде слугувањето на уставниот суд на власта со глупите образложенија кои ги даде во врска со овој закон. Ако некој прочита по порталиве што кажа таа судијката и разбра, алал вера.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55212
  • Махер
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1408 на: 13 Март 2026, 07:21:52 am »
Safe city има пропусти, како на пример нема камери кај зоолошка, дане-крапчев и фонтана. А тоа се многу пешачки делови во градот, за деца, парк, итн.

Ама веројатно ќе се реши наскоро.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
« Последно менување: 13 Март 2026, 07:52:45 am Deni »

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1409 на: 13 Март 2026, 08:53:41 am »
И да не заборажаме иако сејф сити беше најавен како целосно автоматизиран на крајот сепак некој ја има ПРИВИЛЕГИЈАТА да кликне избриши. Никој ама никој не може да ме убеди дека ова нема да биде злоупотребувано.