Safe City малтене исто како стандардни казни за брзо возење. Малку ми е збунувачки делот каде што пишува за уплаќање, дали се мисли на општината каде што си го направил прекршокот, или општината каде што живееш. Ти стига слика, со GPS координати, брзина на движење и до секунда точно кога си поминал. Отидов на шалтер во Полиција во Куманово(Кај што се издаваа пасоши порано), платив упола со картичка, ама и девојчињата што работа на шалтер не знаеа со сигурност да ми кажат под која општина се уплаќа, ако сакаш со ПП50 да платиш. Прашав дали има уште нешто што треба да се направи, не, тоа е тоа. До следно видување.
Инаку, мислам дека од подалеку мерат камериве. Прикочив кога ја видов, ама касно.
Иначе,
@Jimny 62 денари курсот

.
Фина работа ова Safe City.

