Safe city има пропусти, како на пример нема камери кај зоолошка, дане-крапчев и фонтана. А тоа се многу пешачки делови во градот, за деца, парк, итн.
Ама веројатно ќе се реши наскоро.
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Лично искуство строго низ Скопје:
ПРЕДНОСТИ:
1. Побезбедно е за сите почетници во сообраќајот (кола, мотор), а особено за тротинетџии и велосипедисти, независно дали при несреќа се криви или прави...Касно е веќе кога ќе ги качиш на хауба.
2. Побезбедно за пешаци независно дали поминуваат на пешачки или на сред булевар ко Скопје да го ослободиле особено во случај на пијани и/или сенилни пензионери на кои да им кивнеш во фаца ќе завршат на ургентно. Касно е веќе кога ќе ги качиш на хауба.
3. Побезбедно е за сите учесници во сообраќајот кај поголемиве раскрници каде се лета на црвено.Сите си знаеме кои се тие и каде.
4. Побезбедно е за сите учесници во сообраќајот по булеварите. Нема веќе лепење до браник и аблендање да му се тргнеш на господинот иако и сам возиш барем 70- 80.
5. Ако си на мотор е права милина. Цел сообраќај е за 50% успорен околу тебе, па можеш со многу побезбедна брзина да извезеш меѓу коли ако апла ти се брза.
Бонус: камера не те регистрира освен ако не поминеш на жолто/црвено.
НЕДОСТАТОЦИ:
1.Се вози 30-35 наместо 50 -55, а пред камери и под 30, што е идиотски и знае да иде на нерви особено кога двете ленти се зафатени.
2.Неподесен систем или селективно активирани камери. Некаде/некогаш работат, некогаш не, а и не важи на цела територија на Македонија за сега, па може да се оспори како против уставно решение заради нееднаквост на сите граѓани на територија на РМ пред уставот и законите.
3.Глуп систем за плаќање ( барем по она што читам до сега).
Убав викенд и драјв сејфли.