Сега истото го коментиравме со брат ми, татко ми неодамна кога ја регистрираше колата во техничкиот им приложе меил запишан (јас му го напрајв на времето кога имаше потреба за УЈП), а пошто е кршач на телефони, користи бејзик "сениор" телефон со преклоп, глупфон.
На техничкиот вработениот му рекол:
- Дај да видам каков телефон имаш... Кајмаш ти меил на овај телефон, немаш меил...
Прво, нормално нема врска телефоно со меило, второ, кај е пропишано дека треба да поседува телефон со меил (

) или воопшто да поседува телефон, како што спомна Микиус...
Ништо, или смартфон со меил ќе му купам, или нема да вози
