Среќа што не тргнав по тој пат
@MartinAlfista Ќе видиш у продолжение.
Пумпата денес на оладена кола си проработе без мака, таман да ја завртам колата пред гаража, да ја наместам за демонтирање и монтирање.
Сабајле свртев два-три телефони, едниот - во Желино, испадна успешен. Растурена 2.5 V6 аутоматик, таман прилика да се земат и други ситници. „Ловот“ успешен:

Пумпа, сунцобрани, касета на шалт табла (мини главбокс), и една многу битна работа - црево за усис!
Ајде прво со пумпата, ја извадив старата, одма јасно ми стана дека „некој бил пред мене тука“:

Ни филтер за горивото, талог внатре чуден, веројатно ок било додека се возело на метан, само запали и свични на метан...нема везе, тоа е што е.
Онаа што ја земав од растурачот, прва работа, ја демонтиравме од кола - не беше на рафт извадена којзнае кога, втора работа за мене многу битна, уште беше делумно потопена во она што останало од бензин, и трета работа од возило кое не било возено на алтернативно гориво (плин/метан или сл.). Ја пробавме со акумулатор, си заврте одма без мака, си пруживме рука со отпадџијава.
Еве за споредба како изгледа оригинална пумпа:

Наместив назад оригиналната, оваа старава - бидејќи има релативно здрави конектори за гориво и струја, што најчесто страдаат - веројатно ќе ја поправам со бошов кертриџ ако најдам, и ќе „лежи“ за резерва, нека има...
Следна работа, што најмногу ме израдува. Црево за усис. Ептен се нервирав и борба беше додека спречам див воздух од целиот тој „систем“ кој што беше пред клапната - а искасапен поради метанскиот уред што бил монтиран. Користев битуменска трака за затворање на бушотини и пукнатини по цревата, 16 стеги, борба да се спречи секое количество немерен воздух. Вакво црево здраво да се најде е вистинска реткост, и чини суво злато:
И конечно, изгланцано, стокмено, направено „фабрички:

Останатите убави работи:
Стара, нефункционална касета и нефункционален дифузер:

Нова комплетно функционална касета и дуфезер:

Слика од старите сунцобрани немам, ама само ќе кажам дека поради тоа што претходниот газда го сменил тапацирот „црно небо - бог те јебо“ (
@miksi ), пробал да ги офарба и сунцобраниве, и тие беа црни, ама со некоја чудна боја, и лепливи и никакви, а и возачкиот не работеше, паѓаше и го прицврстував со една 3d принтана направија. Нејсе, немам слика „пред“. така да, еве слика „потоа“. Мене не ми пречи што се кремасти на „црно небо“.

Типот од Желино е спремен да ми ја даде и усисната грана, што кај мене е оштетена поради монтажата на метан, и има шанси наредниот месец да ја таксам и таа, рече ефтино ќе ја даде. Со тоа, моторниот просотр ќе биде баш „фабрика“. Едвај чекам.
Мрднавме над 70% финиш, сеа е некаде 71-72%. Најбитно од сѐ, колата е во возна состојба и технички потполно испаравна.